• Latest

Состојбата со голема кашлица во земјава не е добра и не е стабилна, можно е Комисијата да излезе со построги епидемиолошки мерки

March 15, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Состојбата со голема кашлица во земјава не е добра и не е стабилна, можно е Комисијата да излезе со построги епидемиолошки мерки

Децата кои примиле три дози на ДиТеПер вакцината ќе може да посетуваат градинка, но под услов да се ревакцинираат за шест месеци, препорача вчера Комисијата за заразни болести.

March 15, 2024 08:48
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Децата кои примиле три дози на ДиТеПер вакцината ќе може да посетуваат градинка, но под услов да се ревакцинираат за шест месеци, препорача вчера Комисијата за заразни болести. Состојбата со голема кашлица во земјава не е добра и можно е Комисијата да излезе со построги епидемиолошки мерки.

Како што пренесува МИА, во следните денови може да се очекува Министерството за здравство да достави известување до градинките во врска со оваа препорака.

– Деца кои примиле три вакцини во последните шест месеци и сега им следи ревакцина, која во стандардниот календар беше препорачано да се прима на една година, сега го кратиме тој период на шест месеци. Овие деца кои ја завршиле примовакциналната серија во овие шест месеци треба да им биде дозволено да влезат со напомена дека оваа вакцина треба да ја примат после шест месеци најрано од примањето на третата доза, истакна вчера претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски.

Според д-р Петличковски, состојбата со голема кашлица во земјава не е добра и не е стабилна. Во Скопје има над 170 деца и возрасни со голема кашлица, а во државата над 200. Д-р Петличковски најави дека е можно во следниве недели да излезат со построги епидемиолошки мерки.

-Оној податок од 50 проценти вакцинирани деца по градинките е поразителен за државата и тука мора многу да работиме, рече д-р Петличковски.

Тој напомена дека не постојат некакви потврди за привремена спреченост од вакцинација, по кои родителите често посегнуваат и ги бараат, за да ја избегнат вакцинизицијата на децата.

– Постојат само потврди за трајна спреченост од вакцинација, тие се тие потврди кои се издаваат од тричлена комисија на Клиниката за детски болести, но вакви потврди за привремена спреченост не издаваат и не се валидни ниту од матичен лекар, ниту од Клиника, ниту од друга некаква комисија, појасни д-р Петличковски.

 

Исто така, претседателката на Националниот комитет за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова вчера посочи дека уште во периодот на јануари, Комитетот до вакциналните тимови официјално веќе испратил препорака, секое дете кое доаѓа да ја прими според хронолошката возраст онаа ревакцината што е на 18 месеци, бидејќи МРП најрано се прима на 13 месеци, да се искористи ревакцинацијата на ДиТеПер и заедно се прими и МРП.

На прашање дали од утре ќе може да се враќаат децата кои немаат примено МРП прва доза, д-р Петличковски одговори негативно.

Во штипскиот Центар за јавно здравје почна бесплатното, но и комерцијално вакцинирање против сезонскиот грип. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека не се

Во однос на состојбата со грип, во државата има нови 427 случаи од 4 до 10 март, а најмногу во Кавадарци.

Ова претставува 33,4 отсто помалку во споредба со претходната недела. Како што се наведува во најновиот седмичен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со десеттата недела од минатата сезона, е намален за 8,0 проценти.

Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Од Институтот за јавно здравје соопштија дека се работи за лице на возраст над 65 години од Штип.

Во сезоната 2023/2024, вкупниот број случаи на грип – заболувања слични на грип изнесува 13.809, што во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 48,1 отсто. Во однос на моделот од последните 13 сезони, има намалување од 27,6 проценти.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 14 починати лица асоцирани со него.

Заклучно со десеттата недела во Република Северна Македонија, вакцинирани се вкупно 61.788 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ