• Latest

Советот на амбасадори повикува на продлабочена и проширена дебата во македонската јавност за француско-германскиот експертски извештај

September 22, 2023
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Советот на амбасадори повикува на продлабочена и проширена дебата во македонската јавност за француско-германскиот експертски извештај

September 22, 2023 13:02
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на Амбасадори го поздравува објавениот Извештај за реформи на ЕУ, изработен од француско – германска група на експерти, претставен од Ана Лирман, германска државна министерка за Европа на и Лоренс Бон, државен секретар за европски прашања на Франција, водачи на групата составена од дванаесет експерти, наречена, „Групата на дванаесетмината“, формирана во јануари 2023 се наведува во соопштението на Советот на амбасадори.

Извештајот, како што се наведува во соопштението, препорачува паралелно одвивање на ЕУ внатрешни реформи, законодавство и проширување, со симболичен наслов, „Едрење на високи бранови – реформи и проширување на ЕУ во 21-ви век“, а суштината се сведува на тоа дека „ЕУ проширувањето и ЕУ реформите можат да одат „рака под рака“.

-Советот на Амбасадорите посебно ја поддржува изнесената заложба во Извештајот, 2030 година да се определи како јасна и цврста временска координата за следно проширување на Европската Унија, како и препораката дадена до следната Европска Комисија, таа да се посвети на целта „2030“ и навреме да ја усогласи постапката за пристап кон проширувањето. Воедно, сметаме дека овие оптимистички препораки од групата на експерти и постојаните декларации од високи и највисоки претставници на Европската Унија и на нејзините земји – членки да се преточат во одлука на највисоките тела на ЕУ, со јасни обврски за земјите – кандидати, но и за самата ЕУ. Советот на амбасадори особено ги цени препораките, единствено самиот прием да биде врзан со едногласност на сите земји – членки, а во текот на процесот на проширување да се одлучува со „квалификувано мнозинство“, и ЕУ да преферира проширување „втемелено на заслуги“, концепт, кој што дури шестпати се наведува во самиот Извештај, се вели во соопштението.

Имајќи ја предвид нашата стратегиска и консензуална определба за полноправно членство во Европската Унија и заокружување на процесот на македонската европска интеграција, Советот на амбасадори, како што наведува, се залага за отворена, продлабочена и проширена дебата во македонската јавност по сите изложени точки од Извештајот на француско – германската работна Група на експерти за реформа на ЕУ.

-Советот на амбасадори будно ги следи сите дебати во рамките на Европската Унија за преосмислување на процесот на европска интеграција и повикува на отворена дискусија за македонскиот позиција во овој процес, со сѐ сите придобивки, можностите и предизвиците што го следат, се вели во соопштението.

Tags: Совет на амбасадори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ