• Latest

Созреан е моментумот за создавање политички фронт за европската иднина

January 20, 2023

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Созреан е моментумот за создавање политички фронт за европската иднина

January 20, 2023 13:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преговорите со ЕУ започнаа, но за да продолжиме во втората фаза со отворањето на поглавјата, треба да се завршат уставните измени. Доколку не се донесат уставните измени процесот ќе заврши со усвојување на извештаите од скринингот и определување на критериумите, но ќе нема отворање на првиот кластер. Сите тие што го познаваат процесот се свесни дека уставните промени немаат алтернатива, изјави денеска на прес-конференција шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Најлоша услуга што некој може да му направи на овој народ, на оваа држава, е од политички и партиски инаети да прекине некој процес за којшто сме свесни дека е неопходен. Тогаш која е замислата да се создадат такви ситуации во кои би го загубиле најдобриот моментумот во историјата на нашата евроинтеграција. Затоа сметам дека пораката на евроамбасадорот е многу прецизна и многу објективна и сите политички фактори треба да се убедат во тоа дека не смеат да си поигруваат со процеси од кои зависи квалитетот на животот на луѓето, нивната иднина, стабилноста на регионот и државата и сите треба да сносиме одговорност, рече Османи на новинарско прашање за коментар на пораките на евроамбасадорот Дејвид Гир за реформите и за уставните измени, за кои рече дека се суверена одлука на оваа држава, а произлегуваат од договор за којшто земјата се обврза во билатералните односи со Бугарија.

За обвинувањата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за притисоци кон пратениците од неговата партија за да гласаат за уставните измени, Османи рече дека ставовите на опозицијата се шаренолики и неконзистентни и не заслужуваат внимание.

– Тоа што заслужува внимание е фактот дека процесот на преговори се одвива одлично, дека ЕУ испраќа пораки дека се позитивно изненадени на спремноста на нашата администрација да одговори на барањата и од тоа колку сме направиле овие 17 години во исполнување на критериумите. Потребата за уставни измени е неизбежна, нема да можеме да избегаме од таа обврска за внесување на помалите заедници во Уставот, затоа што без тој процес нема европски процес, а вие знаете дека ние сме поминале низ многу потешки предизвици, затоа што оваа држава не може да има добра перспектива без членство во ЕУ, истакна шефот на дипломатијата.

Според него, ако сме убедени дека од тој процес нема бегање, тогаш „чуму го блокираме најважниот најдобриот европски моментум што оваа држава го стекна после 17 години“.

– Затоа сметам дека треба да се издигнеме над партиско-политичките калкулации, да разбереме дека процесот во кој што сме навлезени е единствениот кој што нуди перспектива за државата. Единствена гаранција за долгорочна стабилност, мир, просперитет добар животен стандард, владеење на правото и демократски институции е продолжување на патот кон членство во ЕУ. Нема друга алтернатива. Ако имаат нека ја изнесат, а ако нема, нека молчат и нека помогнат во овој процес, кој очигледно на граѓаните ќе им обезбеди просперитет и подобра иднина, вели Османи.

Османи нагласи дека за да почне процедурата за уставните измени, мора прво да биде обезбедено двотретинско мнозинство, што и Алијанса за Албанците го постави како услов да стане дел од владиното мнозинство. Тој порача дека сега е време сите политички партии и субјекти што сакаат да го направат неповратен процесот за членство на земја во ЕУ до 2030 година, да седнат и да преземат координирани напори за да се обезбеди таа иднина.

– Каков ќе биде исходот и текот на овие разговори не можам да кажам, но граѓаните очекуваат од нас барем една година од нашиот политички живот да ги тргнеме партиско-политичките интереси на страна, да седнеме и да кажеме оваа година е одлучувачка за наредните децении. Ќе седнеме – во Влада, надвор од Влада и ќе ги донесеме тие одлуки. Тој политички моментум е созреан и би било во интерес на европската перспектива и на граѓаните тој политички фронт да се случи, рече Османи додавајќи дека има континуирано средби.

Тој изрази надеж дека рокот за втората фаза од преговорите кој треба да следи по завршување на скринингот во ноември, нема да биде пробиен, но рече крајно време е веќе да се седне и формално да се разговара. Османи нагласи дека во тој контекст на уставните измени се и разговорите за „окрупнување“ на Владата, а ја потенцира и важноста од јавна дебата за промената на Уставот, која посакува да дојде пред се од невладиниот сектор за да не биде наметната од Владата.

– Да ги направиме работите чекор по чекор, да се заврши овој процес и да се оди кон втората фаза… Навистина ни треба дебата на експерти про и контра уставните измени, но и соочување на политичарите во која ќе се соочиме пред граѓаните и ќе кажеме зошто е тоа добро, потенцира Османи.

Tags: ЕУОсманиУстав
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ