Александар Спасов – редовен професор по правна теорија и филозофија на правото, на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“, дел од меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, истакна дека измените на Изборниот законик е направен со Пржинскиот договор.
Тие норми се направени за тогаш, а не тие да траат до денес. Спасов упати повеќе препораки укажувајќи дека интегритетот на изборните процеси зависи и од надминување на тесно партиските интереси и носење на Изборен законик што формално и правно ќе придонесе фер, демократски и слободни избори.
„Кампањата за локални избори на сè личи освен на кампања за локални теми. Сега кампањата се сведе кој е партиот кој е предавник. Во албанските партии кампањата се сведе на тоа кој ќе победи политички ќе преживее, а кој ќе изгуби ќе замине во историја. Таквата реторика е играње со оган и може да донесе сериозни инциденти. Политичките партии треба да седнат да донесат нов Изборен законик заедно со Работната група која беше формирана во рамки на Министерството за правда“, рече Спасов.
Спасов препорача дека не треба да дозволиме целиот демократски процес, кој почнува и завршува со изборите, да се претвори во фарса, затоа што поправаќето на штетите ќе одземат многу време и многу ресурси.
„Треба да се направи децентрализација. И најдобриот градоначалник да го имате нема ништо да направи ако зависи од централната власт“, беше, исто така, една од препораките на Спасов.
Б. Ј.
монтажа: Ариан Мехмети
камера: Атанас Петровски