• Latest

Спасовски: Иднината на регионот е во ЕУ, а наша одговорност е заеднички тоа да го реализираме

October 16, 2020
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Иднината на регионот е во ЕУ, а наша одговорност е заеднички тоа да го реализираме

October 16, 2020 13:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„За кусо време и во релативно бурен политички период во целиот регион на Западен Балкан, утврдивме јасен правец на дејствување и патека по која сакаме да се движиме, со што полека но сигурно Регионот станува сопственик на процесите кои сака да ги воведе. Тоа е повеќе од очигледно со оглед на сите реформски потфати, добрососедски политики и иницијативи, затворање на децениските отворени прашања кои во изминатиот период се реализираа во нашите земји“, изјавиминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во воведното обраќање на состанокот на министри за внатрешни работи во рамки на заедничкото претседавање со Берлинскиот процес на Република Северна Македонија и на Република Бугарија, кој во моментов се одвива во Скопје.

„Остануваме целосно посветени на нашата европска агенда и продолжуваме понатаму со несмален интензитет, посветена и одговорна работа и реализација на сите активности кон европеизација на нашата земја и нејзино приближување до евроатлантските системи, но исто така, ќе настојуваме да останеме позитивен пример во одржувањето на добрососедски односи со креирање на долгорочни партнерства за нашите идни генерации“, рече Спасовски.

„Дозволете ми да изразам особено задоволство од соработката и координацијата што сами по себе се наложија со преземањето на заедничкото претседавање со Берлинскиот процес со Република Бугарија. Заедничкото организирање и претседавање на овој состанок се вистински доказ дека со волја и посветеност можеме да постигнеме многу, дури и во услови на пандемија. Иднината на Регионот е во ЕУ, а наша одговорност е тоа да го реализираме. Заедно секогаш можеме повеќе!“, истакна Спасовски, изразувајќи благодарност до Владата на Обединетото Кралство за постојаната посветеност и работа во областа на министерствата за внатрешни работи и сигурност во нашиот регион, како и до Сојузна Република Германија, од аспект на визонерската иницијатива за формирање на Берлинскиот процес, како платформа за развој на регионалната соработка во Западен Балкан и неговата европска интеграција.

Во однос на првата точка од Агендата, на тема: „Олеснето движење во регионот на Западен Балкан со лични карти: Кон Регионален договор за поблизок, подобро поврзан регион и повеќе предности за граѓаните“, министерот Спасовски ја поздрави и поддржа иницијативата за Регионален договор за слобода на движење и престој со лична карта, како еден од важните приоритети на годинешното заедничко Претседателство со Берлинскиот процес и упати благодарност до Советот за регионална соработка, како важен партнер во операционализацијата на оваа иницијатива.

„Олеснетите процедури за движење на лица ќе придонесат кон зајакната регионална размена и трговија. Дополнително, слободата на движење во регионот ќе ја зголеми и конкурентноста на пазарот, а уверен сум дека бизнис заедницата, но и сите граѓани што живеат овде тоа и го очекуваат од нас. Од овие причини, ние, министрите за внатрешни работи од земјите од Западен Балкан, треба да ја поддржиме и поттикнеме практичната реализација на проектите од наша надлежност, а особено на оваа иницијатива“, посочи Спасовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ