• Latest
Оливер Спасовски / фото: Б. Јордановска

Спасовски: Истрагата мора да покаже во кој дел од системот е пропустот во случајот со Мијалков

February 27, 2021
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Спасовски: Истрагата мора да покаже во кој дел од системот е пропустот во случајот со Мијалков

February 27, 2021 09:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Оливер Спасовски / фото: Б. Јордановска

Оливер Спасовски / фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Истрагата во овој дел за случајот со Сашо Мијалков мора да покаже за тоа каде е пропустот, во кој дел од системот и системот да се консолидира за да не ни се повторуваат вакви настани во иднина. Истрагата мора да покаже дали некој помогнал и кој е тој и да се види каде е проблемот во целокупниот систем на функционирање, за да бидеме осигурани дека правдата ќе биде задоволена, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата Трилинг на ТВ 24, кој нагласи дека треба сериозно размислување како ќе се продолжи и понатаму и во овој случај и во другите случаи во кои е осомничен Мијалков.

На изјавата на обвинителката Вилма Русковска дека не верува оти Мијалков може вторпат да избега, Спасовски смета дека, како што рече, ако еднаш посегне да украде, може да украде вторпат, ако еднаш се обидел да избега, може да избега и вторпат….

МВР ќе го обезбедува Мијалков и секој друг што е обвинет врз основа на решение на судот, од моментот на изрекување на решение за притвор па се до моментот на завршувањето на притворот.

На прашањето дали странски служби и дел од наши пријателски и влијателни амбасади беа вклучени и помогнаа во пронаоѓањето на Мијалков, министерот Спасовски потенцира дека институциите на системот во РС Македонија функционираа координирано и заендички со цел да биде обезбеден и изведен пред правдата.

Според Спасовски, во МВР не постојат електронски алки или уреди, во времето на Владата на ВМРО – ДПМНЕ се обезбедени електронски алки во Агенцијата за изрекување санкции и тие се однесуваат за издржување казна домашен затвор.

– Ние немаме електронски алки или електронски систем за ЏПС следење на кој било што се наоѓа во притвор, изјави министерот Спасовски, додавајќи дека МВР,  Мијалков го безбедува физички со 24-часовно присуство на полицијата.

На прашањето дали е категоричен дека не пребегал во Белград, Спасовски потенцира дека апсолутно не, Мијалков бил во нашата држава.

– Се направија низа чекори од страна на инситутциите пред се во однос на тоа да детектираме кој може да помогне, значи членовите на неговото приватно обезбедување, членовите на неговото семејство и целокупниот имот што го поседува без еден од начините за да можеме и да дојдеме до него и да биде задоволена правдата. Кој е инволвиран во бегството, верувам дека на крајот од истрагата ќе се покаже. Една работа е што не донесе до тоа да се случи, кои се пропустите во системот и второ кои се помагачите и извршителите, Тука мора да има одговорност, рече Спасовски.

Прашан каде се кртовите, според Спасовски секаде можат да бидат и во МВР и во Обвинителството, и во судството и во тајната полциија. Нема институција која до 2017 година не беше окупирана од режимот, Окупацијата на институциите во тој период отвора можности да постојат многу луѓе да пренесат какви било информации.

На прашањето каде бил Мијалков во тие неполни два дена, Спасовски одговори дека треба да се ценат сите околности во однос на било кој обвинет во државата заради тоа што единствено според Законот за кривична постапка, кој може да даде било каков предлог за обезбедување на кој било обвинет е Јавното обвинителство до судот, а се ценат врз основа на повеќе параметри, а еден е сигурно функцијата на која бил обвинетиот, контактите што ги имал, дали поседува имот, патни исправи што се од други држави и друго, и врз основа на тоа да се бара да има засилени мерки на обезбедување.

– Во моментот кога беше дадено решението да се врачи на обвинетиот Сашо Мијалков за да издржува мерка домашен притвор беа посочени локациите каде тој може да се наоѓа. Откако беше побаран на сите локации и не беше најден, ние го информиравме судот и тоа беше доволна претпоставка да се распише и национална и меѓународна потерница, појасни министерот Спасовски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ