• Latest

Спасовски: Избори на 5 јули за функционални институции и развој на економијата

May 31, 2020
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025

Договор од 30 милиони евра од Србија за компанија вклучена во обвинението за Бањска

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски: Избори на 5 јули за функционални институции и развој на економијата

-Од денеска почнуваат новите две недели вонредна состојба. Убедени сме дека по нивното завршување, вонредни состојби веќе нема да ни се потребни, затоа што најлошото е зад нас, а здравствениот систем има план и механизми за сите можни сценарија. Во такви околности, изборите треба да се одржат во првиот можен рок, што поскоро. Одговорна политика е да се обезбеди работата и функционалноста на сите институции. И при тоа да се почитува устав и закон, рече Спасовски.

May 31, 2020 15:14
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата не може бескрајно да има улога на изврша и законодавна власт, избори треба да се одржат на 5 јули годинава, 22 дена по завршување на вонредната состојба, кажаа денеска во Куманово, носителите на листите од Изборната единица 2 од СДСМ и Коалицијата Оливер Спасовски и Сања Лукаревска по одржувањето на регионалниот изборен штаб. Спасовски истакна дека за граѓаните и државата е најважно да добијат фунционални институции.

-Од денеска почнуваат новите две недели вонредна состојба. Убедени сме дека по нивното завршување, вонредни состојби веќе нема да ни се потребни, затоа што најлошото е зад нас, а здравствениот систем има план и механизми за сите можни сценарија. Во такви околности, изборите треба да се одржат во првиот можен рок, што поскоро. Одговорна политика е да се обезбеди работата и функционалноста на сите институции. И при тоа да се почитува устав и закон, рече Спасовски.

https://www.facebook.com/o.spasovski/videos/255131979054998/

Тој вели дека пролонгирањето на изборите не се  можни, ниту од правен, ниту од праведен апсект. Изборен термин во летниот период,  додава ќе го загрози гласачкото право и  ќе им го ускрати годишниот одмор на граѓаните, а избори на есен  се опасна идеја и за здравјето и за економијата.

–Секако дека ќе бевме посреќни доколку тој датум се одредеше со политички консензус, но, нема да дозволиме вечни преговори, а притоа граѓаните да ја плаќаат цената за саботажите на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, со ова последно продолжување на вонредната состојба, датумот за изборите се фиксира на 5-ти јули.  Ги повикуваме сите партии, особено ВМРО-ДПМНЕ да преземат одговорни чекори и да бидат дел од решението, наместо да бидат извор на проблеми, вели Спасовски.

Изборите се важни за справувањето со кризата, многу поважни за здравјето се од кафеаните, натпреварите, веселбите. Тој додава дека ако секојдневно може да се пазари, да се седи во ресторани, тогаш може да се одржат и избори. Клучно е да има парламентарен состав и Влада која има легитимитет и одговорност.

Тврдењата дека изборите би го загрозиле здравјето на граѓаните, или дека треба да се одложуваат за наесен, се нелогични, додава Спасовски и вели дека државата, институциите можат  да обезбедат  безбеден изборен ден.

Тој ги охрабри граѓаните кои се загрижени од новата здавствена состојба дека нема простор за паника, иако вирусот не смее да се потценува.

–Зголемувањето на бројките на заболени се должи на два фактора: саботажите и крајно неодговорното однесување на Наќе Чулев и неговиот ментор Мицкоски, а влијание има значително зголемениот обем на тестирање, како и олабавувањето на мерките заради потребата животот да продолжи, а економијата да се рестартира, вели Спасовски.

Здравствени експерти ја следат ситуацијата,  медицински капацитети се зголемени и подготвени да одговорат на  предизвиците.

Тој порача граѓаните да продолжат да живеат согласно протоколите за заштита, но и институциите да ги санкционираат прекршувањето на мерките без разлика дали се претставници на политички партии.

Носителката во ИЕ 2, Сања Лукаревска повтори колку е важно да се одржат избори на 5 јули за да функционира Собранието и да се носат одлуки за менаџирање на здравствената и економската криза. И таа вели дека никој нема право да го става во конфликт изборното право на глас и правото на одмор на граѓаните и дека државата и институциите можат да организираат безбедни избори.

– За заштита на постоeчките и креирање на нови работни места, особено во секторите кои ќе ја употребат дигитализацијата, за зголемена конкурентност на компаниите на домашно, регионално и глобално ниво,    за интервентно активирање на домашниот туризам, промоција на нови земјоделски култури и поддршка на земјоделците за уште поголем квалитет и обем на домашно производство,  развој на економските дејности со воведување ИТ и онлајн активности и алатки, за стимулирање и зголемување на безготовинските и онлајн плаќања, како инструмент за сузбивање на сива економија, вели Лукаревска.

Овој план ќе ја развие економијата, смета Лукаревска и додава дека фукционални институции, се потребни за  нова развојна македонска економија, за поттикнување на приватната потрошувачка на граѓаните, за подобро живеење и работа.

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ