• Latest

Спасовски: МВР редовно покренува постапки против говорот на омраза

March 28, 2019
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Коалиција од 25 американски сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп поради новите увозни царини

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски: МВР редовно покренува постапки против говорот на омраза

March 28, 2019 16:45
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, зборуваше и за говорот на омраза и како МВР се справува, со оглед на зголемениот интензитет низ социјалните мрежи и медиумите. Спасовски потенцираше дека како институција МВР е далку поефикасна во справувањето со говорот на омраза од претходно.

„Тоа е еден од најголемите проблеми со кои ќе се соочи Република Северна Македонија, регионот, но ако сакате, и во ЕУ и светот, затоа што лажните вести и неодговорното користење на социјалните мрежи предизвикува несогледливи последици. Сметам дека мора да се преземат радикални мерки во спречувањето на говорот на омраза. За држави како што е Република Северна Македонија, мултиетнички, мултинационални, многу е важно да покажеме високо ниво на свест за тоа дека треба да ја градиме државата врз принципите на едно општество за сите граѓани. Нема место за било каков говор на омраза што може да предизвика било каква нетрпеливост. Дали е во прашање национална, верска, политичка или друга нетрпеливост.

Ние преземаме мерки за секој еден детектиран случај на говор на омраза. Постојат многу лажни профили. Такви профили имаат и многу политички партии. Меѓутоа, за секој од нив, каде што се шират говор на омраза и лажни вести, што можат да предизвикаат нестабилност и ризици по мирот, МВР презема мерки со тоа што веднаш се известува Јавниот обвинител и соодветно на насоките што тој ги дава, МВР постапува за да се спречат истите.

Апелирам до граѓаните на одговорен однос кон било која информација и да ги земаат во предвид информациите од официјалните, надлежни органи за било која состојба и преку нив да добијат правовремена информација која што може да биде споделена со јавноста. Инаку, сè друго создава конфузија, страв, неизвесност, што штети на сите граѓани.

Кај нас, отсекот за компјутерски криминал работи постојано. Преку соопштенија, ги информираме граѓаните како по електронски пат можат да пријават сајбер напад или било каков говор на омраза што се шири низ социјалните мрежи.

Со оглед на тоа колку малку се третирале претходно ваквите случаи, сега редовно покренуваме постапки, но тоа не мора да значи дека тие се покренати само по пријава на било кој граѓанин. И таму кај што се детектираат говор на омраза, ширење на лажни вести што предизвикуваат страв, паника или пак, информации што се кривично дело. Одговорни служби преземаат мерки за расчистување на сите тие настани.

Важно е да се постапува по тие пријави што ги имаме или по детекција на случаи. Зависно од политичките односи што се во државата, имаме зголемување на тој интензитет или намалување, меѓутоа, не е важно дали ќе биде помала или поголема бројката. Важно е институциите да бидат ефикасни и да постапуваат. И со еден случај на говор на омраза може да се предизвикаат несогледливи последици.

Можеме да зборуваме за поголема ефикасност од откривање и пресретнување на вакви информации“, истакна Спасовски.

Б. Јордановска

Share32TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ