• Latest

Спасовски на средби со раководството на Генералниот секретаријат на ИНТЕРПОЛ во Лион

September 16, 2022

24 ЧАСА: Уставен остана без судија; Љубчо Георгиевски за општеството на српска страна за геноцидот во Сребреница; Антимигрантска параноја; Романија избра проевропски претседател

May 19, 2025
Фото: ЦивилМедиа

Конференцијата „Сребреница – совеста на светот“, на 30 годишнината од геноцидот во Сребреница – демократски одговор на антицивилизациското негирање на геноцидот

May 19, 2025

Оливие Ведрин: Престанете да ѝ помагате на Украина да преживее, помогнете ѝ на Украина да победи

May 19, 2025
Фото: Фејсбук страна Meanwhile in Ukraine

Боно, Еџ и Шон Пен се појавија на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал со украински војници

May 19, 2025
Фото: Х на Володимир Зеленски

Зеленски му подари на папата Лав XIV икона насликана на фрагмент од сандак за муниција донесена од Изјум

May 19, 2025

Од локални решенија до регионално влијание: Недела на циркуларна економија 2025

May 19, 2025

Каде затајува системот: Кој ги штити девојчињата од сексуални предатори?

May 19, 2025

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за уставен судија

May 19, 2025

Повторно параноја за населување на „илјадници мигранти од Англија“, Мицкоски демантира дека ќе се градат мигрантски кампови

May 19, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ништо ново во Косово; Економски последици од неконституирањето на косовското собрание; Албанската влада издаде осум препораки за борба против криминалот

May 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски на средби со раководството на Генералниот секретаријат на ИНТЕРПОЛ во Лион

September 16, 2022 15:17
in ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска (16.09.2022) делегација на МВР предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во рамки на официјалната посета на Генералниот секретаријат на Меѓународната организација за криминалистичка полиција – ИНТЕРПОЛ со седиште во Лион, Франција, оствари средби со Генералниот секретар на Интерпол Јурген Сток, Извршниот директор Стефан Кавана и одговорниот на Интерпол за Европа, Франц Шерман, информираат од МВР.
Поводот за оваа посета на Генералниот секретаријат на втората најголемата полициска организација по бројот на членство, во која членуваат 195 земји од светот, е организирањето на јубилејната 50. Европска регионална конференција, која во 2023 година е доверена на Република Северна Македонија, што се совпаѓа со уште еден значаен јубилеј – 30- годишнината од членувањето на нашата држава во ова глобално полициско семејство.

„Ја искористив оваа пригода да изразам благодарност до Генералниот секретаријат и до земјите учеснички на 49. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ, која се одржа во мај во Лион на која учествуваше делегација од МВР предводена од Директорот на БЈБ Тасевски, кои изразија поддршка и со гласање ја прифатија нашата кандидатура, укажувајќи ни ја честа токму нашата земја да биде домаќин на следната Европска регионална конференција. Процесот на подготовки поврзани со организирање и реализирање на конференцијата е веќе започнат на ниво на МВР, а наскоро и на национално ниво, па со особена чест ги информирав нашите денешни домаќини дека датумот за одржување на настанот го избравме непосредно по Денот на полицијата – 7 Мај, со цел учесниците да ја збогатат прославата, но и да дадеме дополнително значење на 30-годишниот јубилеј од членувањето на Северна Македонија во Интерпол и одржувањето на самата Европска конференција, како и за промоција на полициската соработка во меѓународни рамки, но и промовирање на Северна Македонија со нејзините автентични обележја во светот“, истакна министерот Спасовски по средбите.

На денешната средба, која се реализира во продолжение од вчерашната посета на Букурешт, што за министерот Спасовски претставува своевидна најава на бројни претстојни активности на МВР со меѓународен предзнак, тој ги информираше своите домаќини дека во тек е подготовка за учество на висока делегација од МВР на 90. Генерално собрание на ИНТЕРПОЛ во Њу Делхи, Индија.

„Впрочем, ова е логичен след на случувања, имајќи ја предвид богатата оперативната соработка помеѓу МВР и ИНТЕРПОЛ, која се реализира преку активно и континуирано учество на МВР во неколку различни сфери на делување, како што се: јавна безбедност и тероризам, сузбивање криминални организации, нелегална трговија со дрога и оружје, финансиски и компјутерски криминал, трговија со луѓе, како и други форми на оперативна соработка, согласно стратешките приоритети на министерството. Оваа соработка се реализира преку размена на оперативни информации, сознанија и податоци и учество на експерти од МВР во работните групи на ИНТЕРПОЛ. Со нашето членство во најголемата полициска организација ИНТЕРПОЛ, од особено значење е придонесот кој нашата држава го дава кон меѓународната полициска соработка, преку активност и континуитет во работата на работните групи и тековните проекти и операции иницирани од страна на Генералниот Секретаријат, преку идентификување на соодветна експертска потреба од расположливите ресурси во Министерството и останатите служби за спроведување на законот“, појасни министерот Спасовски.

Меѓу другото, на денешната средба стана збор и за учеството на МВР во заедничките операции со ИНТЕРПОЛ за детектирање и сузбивање на организирани групи инволвирани во криумчарење кубански и индиски мигранти и, во соработка со Царинската управа, во глобална операција за справување со криминалот со возила и разбивање на транснационалните мрежи кои профитираат од ваквата активност, при што одземени беа 10 возила под сомнение за фалсификат, од кои кај пет возила потврдени се фалсификати.

„На мое големо задоволство на денешната средба беше оценето дека Северна Македонија претставува кредибилен партнер и лидер во имплементацијата на заедничките оперативни активности иницирани од страна на Генералниот секретаријат, што претставува мотив повеќе за продолжување и интензивирање на соработката со ИНТЕРПОЛ, преку континуирано активно учество во тековните активности на организацијата и несебичниот придонес на нашата држава со сите расположливи капацитети“, порача Спасовски од седиштето на Генералниот секретаријат на ИНТЕРПОЛ во Лион.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ