• Latest

Спасовски: Нема потреба од преодна или техничка влада, институциите имаат доволен капацитет

August 27, 2020

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Нема потреба од преодна или техничка влада, институциите имаат доволен капацитет

August 27, 2020 13:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема потреба од никаква преодна или техничка влада, затоа што сметам дека овие институции имаат доволен капацитет да одговорат на потребите на граѓаните, а тоа да им овозможат да донесат слободна одлука, изјави на денешната прес-конференција техничкиот премиер, Оливер Спасовски.

Прашан за тоа дека веројатно е последен технички премиер, Спасовски потсети дека моделот на формирање влада по Пржинскиот модел е договорен во услови на режим.

– Сега околностите се сосема различни. Имавме спроведено и локални и претседателски избори. Спроведовме и референдум без ниту една забелешка во однос на фер и демократска атмосфера и во слободно изразената волја во тие избори. Од тој аспект, колку побрзо се тргне техничката влада, толку подемократски се институциите, толку повеќе има верба во институциите и толку ни е подемократска државата, изјави Спасовски.

Сметам, укажа тој, дека ништо не е исто од 2016 година и таа заробена држава, и дека сега сите сме на едно, како што рече, повиско ниво како политички субјекти и свеста на граѓаните е на повисоко ниво.

– Апсолутно сметам дека секоја демократски избрана влада, влада што ќе служи врз основа на принципите – слобода, демократија, солидарност, напредок, одговорност, чесност… ќе може во секој момент да организира фер и демократски избори и на тој начин да овозможи тие европски вредности, за кои сите ние се повикуваме да ги донесеме дома и ги живееме и градиме иднината на оваа држава, изјави Спасовски.

Прашан за тоа дали смета дека новите министри во Владата може да ги исполнат очекувањата на претседателот Стево Пендаровски, да види силни луѓе со проевропски капацитети и чисти антикорупциски записи, Спасовски, рече дека е уверен во капацитетот на предложените министри.

– Јас сум уверен дека во личностите кои се предложени за министри постои сериозен капацитет за општествено одговорни лица, стручни, компетентни лица кои ќе знаат да ги остварат европските перспективи, да ја јакнеме Македонија на економски план и да продолжиме да ја градиме на сите полиња, изјави Спасовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ