• Latest

Спасовски: Посветени сме на креирање политики за ефикасна борба против корупцијата

June 29, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски: Посветени сме на креирање политики за ефикасна борба против корупцијата

June 29, 2021 19:34
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На патот кон градењето на модерна, развиена и земја со европски стандарди, еден од главните фокуси на делување на институциите на Република Северна Македонија е ефикасната борба против корупцијата. Токму затоа, Република Северна Македонија е посветена кон креирање политики и решенија за надминување на оваа појава која длабоко навлегува во сите пори на едно општество ако остане не адресирана, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето денешно обраќање на онлајн форумот на министри за внатрешни работи на земјите кои се дел од Берлинскиот процес.

Спасовски, како што соопшти МВР, покрај во сесијата посветена на борбата против корупцијата говореше и во сесијата посветена на управувањето со миграциите.

– Во март годинава, Владата го усвои Планот за борба против корупција кој претставува одговор на ваквите закани и кој има за цел да ја зајакне функционалноста на институциите во борбата против корупцијата, преку воспоставување на јасни механизми за соработка и градење на општество ослободено од корупција, потсети Спасовски.

Министерот Спасовски посочи на досегашни активности и проекти во делот на борбата против корупцијата, како финализирањето на „Стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот“ која ги дефинира мерките за периодот 2021 до 2023 година и која ги надоградува активностите на претходната Стратегија.

– Основна заложба на Стратегијата е да придонесе за зајакнување на капацитетите на националните институции и нивната координација во следењето на протокот на пари, вклучително и преку откривање на можно прикривање и пренесување на нелегално стекнат имот. Успешноста на овој процес ќе влијае врз зголемување на довербата на јавноста во државните институции, пренесувајќи ја пораката дека криминалот не е исплатлив и дека може да се сузбие со ефективна идентификација, финансиски истраги и конфискација на незаконски стекнат имот или имотна корист, нагласи Спасовски.

Министерот Спасовски го потенцираше и спроведувањето на ефикасни меѓу ресорски координирани финансиски истраги со цел идентификување и следење на приноси, имот и имотна корист во земјава или во странство кои ќе се спроведуваат паралелно со криминалистичката истрага и ќе резултираат со определување привремени мерки за обезбедување и нивна подоцнежна конфискација.

Во делот од Министерскиот форум посветен на управувањето со миграциите, Спасовски го потенцираше превенирањето на западно-балканската и источно-медитеранската мигрантски рути. Истакна дека во поглед на спречувањето на илегалните минувања најголем проблем е тоа што и по откривањето и спречувањето на илегалните мигранти да остварат илегален влез во државата, тие непречено се задржуваат во непосредна близина на македонско – грчката граница и практично продолжуваат со обидите за илегален влез сè додека конечно не успеат во намерата или додека не изнајдат друг поефикасен начин за продолжување кон Западна Европа.

Говорејќи за предизвиците во успешното справување со илегалната миграција, министерот Спасовски нотираше и некои конкретни предлози за поефикасно и поквалитетно мултилатерално превенирање на оваа проблематика. Ја потенцира важноста од потпишување на Статус Договорот со ЕУ со кој ќе се овозможи распоредување на сили на Европската крајбрежна стража – Фронтекс на македонско-грчка граница на наша територија.

– Во оваа насока, би сакал да побарам поддршка за што е можно побрзо финализирање на овој приоритет од причина што неговото формализирање го условува и продолжувањето на тековната меѓународна заедничка операција на јужната граница во која учествуваат осум европски држави, нагласи Спасовски.

Според него, последен, но не и помалку важен предлог за поефективно справување со ирегуларната миграција е изнаоѓање начин за поефикасно користење на податоците од европските бази на податоци на европските агенции.

– Свесни сме сите дека со оглед на тоа што не сме земја – членка на ЕУ, немаме директен пристап до овие бази. Во услови кога комуникацијата со земјите на потекло е многу слаба, ова е најефикасниот начин за идентификување на лица поврзани со криумчарење на мигранти, но и други кривични дела, истакна министерот Спасовски.

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ