Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил објави информација дека на денешната седница на Управувачки комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, се разгледуваше подготвеноста за справување со пожари на отворен простор, при што е констатирано дека пожарите коишто беа активни во Општина Берово се ставени под контрола.
На 6-та седница на Управувачки комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, се разгледуваше подготвеноста за справување со пожари на отворен простор. Пожарите коишто беа активни во Општина Берово се ставени под контрола, како и другите пожарите низ државата се ставени под контрола. МВР, заедно со ЦУК, АРМ, ДЗС се во постојано 24 часовно дежурство и надгледување на пожарите, напиша Спасовски.
Претходно Владо Клинчарски од ЈП „Македонски шуми – Малешево“ – Берово за МИА изјави дека на штотуку завршената координација на институциите вклучени во справувањето со пожарите во Беровско било најавено дека повторно ќе имаат поддршка од воздух, оти полициски хелихоптер почнува рано со гаснењето на пожарот, а дека Ер тракторот се вклучува по потреба.
Тој нагласи дека останува уште еден дел зафатен со пожарот да се исконтролира, поради проблени со посилен ветер и високите температури.
Утрово, Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, на својот Фејсбук профил објави дека од рано утрото, од 5 часот, заедно со хеликоптер на МВР, Противпожарната територијална единица, припадници на ЈП „Македонски шуми“ – подружница Берово и голем број доброволци на терен се става пожарот над селото Митрашинци во контрола.
М.Д.