Во периодот од 2017 до јули 2022 година извршена е целосна или делумната реконструкција на 75 објекти на МВР ширум државата, во сите сектори за внатрешни работи, а до крајот на годинава планирана е финализација на реконструкциите во ОВР Делчево, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.
– Стариот начин на загревање во реконструираните објекти е заменет со нов и поекономичен, за што беа инвестирани 18.924.237 денари. Најголемиот дел го променија затоплувањето со дрва во затоплување со електричен котел, електрични ВРФ-системи, со инсталирање на топлински пумпи. Сината униформа дејствува за зелена околина, додава Спасовски во објавата./МИА/