• Latest

Спасовски: Успешната борба против илегалната миграција и криумчарењето мигранти се должи на заедничката соработка на земјите од регионот и ЕУ

October 22, 2020
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Успешната борба против илегалната миграција и криумчарењето мигранти се должи на заедничката соработка на земјите од регионот и ЕУ

October 22, 2020 13:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Под покровителство на германското претседателство со Советот на ЕУ, министрите за правда и за внатрешни работи на Германија, заедно со Европската комисија, претставувана од Европскиот комесар за соседска политика и проширување, Европскиот комесар за миграција, внатрешни работи и државјанство и Европскиот комесар за правда, потрошувачи и родова еднаквост, преку видеоконференциска врска одржаа состанок со нивните колеги од земјите на Западен Балкан на годишниот Министерски форум за правда и внатрешни работи меѓу Европската Унија и Западен Балкан.

На работните сесии на Форумот заедничките дискусии беа насочени на теми поврзани со миграцијата, ефективното гранично управување, заедничката борба против тероризмот и превенцијата од насилниот екстремизам, како и борбата против организираниот криминал, со посебен осврт на илегалната миграција, трговијата со оружје и трговијата со дрога.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето обраќање изрази задоволство што и во овие вонредни околности предизвикани од пандемијата заедничката соработка продолжува.

„Во тој контекст, единствено преку размена на мислења и ставови можеме да креираме заеднички политики за справување со новите предизвици. Пандемијата можеби ја наруши можноста од директни средби, но нашата потреба од соработка во регионот и со нашите партнери од Европската Унија е поизразена од кога и да било претходно“, рече министерот Спасовски.

Министрите се согласија дека регионот на Западен Балкан продолжува да биде под значителен миграциски притисок и разговараа за тековните предизвици, вклучително и во контекст на пандемијата ковид-19 и нејзиното влијание врз движењето на луѓето. На наведениот Форум претставниците од Европската Унија и земјите од Западен Балкан го потврдија заедничкиот интерес за зголемување на билатералната соработка за поефикасно управување со миграцијата. Во тој контекст, министрите изразија поддршка за зголемување на регионалната размена на информации во регионот на Западен Балкан.

„Успешната борба против илегалната миграција и криумчарењето мигранти е најдобро рефлектирана во заедништвото и партнерството, кое на дневна основа го применуваат нашите полициски службеници со нивните колеги од земјите од регионот и ЕУ. Оттаму, во оваа пригода би сакал да изразам посебна благодарност до нашите партнери, кои и во овие тешки времиња ги испратија своите полициски службеници на нашата јужна граница за да можат заеднички, со колегите од Република Северна Македонија, да се справуваат со сериозните миграциски предизвици“, истакна министерот Спасовски.

Во однос на тероризмот и насилниот екстремизам, претставниците од Европската Унија го поздравија напредокот постигнат од страна на земјите од Западен Балкан во исполнувањето на целите утврдени во заедничките акциски планови за борба против тероризмот. Истовремено, министрите за внатрешни работи од Западен Балкан ја изразија својата подготвеност и решителност за продолжување со исполнување на обврските од наведените акциски планови и во наредниот период, во текот на 2021 година.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ