• Latest

Спасовски: Вистинските вредности на едно општество доаѓаат од способноста да го прифати и почитува различното

April 12, 2022
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Вистинските вредности на едно општество доаѓаат од способноста да го прифати и почитува различното

April 12, 2022 11:32
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Меморијалниот Центар на Холокаустот на Евреите во Македонија, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Голдстајн, претседателот на Еврејската заедница на Северна Македонија, Леви, и Координаторот во Европската комисија за борба против антисемитизмот, вон Шнурбајн, денеска присуствуваше и се обрати на Конференцијата во организација на ОБСЕ, посветена на Еврејската заедница на Северна Македонија. а којашто е дел од проектот „Од зборови во дела“. 

Со проектот се очекува да се предизвика конкретна акција на институциите на глобално ниво за справување со нетолеранцијата кон еврејската заедница.

Во своето воведно обраќање министерот Спасовски посочи дека, во својата суштина, антисемитизмот не се однесува на Евреите. Во фокусот на антисемитизмот се антисемитистите. И, тој главно е поврзан со немоќта да се прифати одговорноста за сопствените неуспеси, а да се бара виновникот на некое друго место, што подалеку од нив самите.

„Сето ова го имавме предвид кога го креиравме концептот ‘Едно општество за сите’, поаѓајќи од фактот дека вистинските вредности на едно општество доаѓаат од способноста да го прифати и почитува различното, да ја препознае и негува индивидуалноста исто како и колективноста, да ги штити, апсорбира и негува човечките надежи, стремежи, перспективи и амбиции. Во суштина, во таа способност да не доминирате со другите – лежи моќта на една заедница. Северна Македонија претставува пример дека ваквата политика и овие вредности, како наша верба и определба, можат да функционираат и на Балканот.”

Спасовски истакна дека и покрај ова, институциите се должни да бидат будни, особено при обликувањето на политиките за човековите права и слободи, за борба против антисемитизмот и расизмот, за глобална акција против говорот на омраза, но, и за брз, ефикасен одговор кон сите обиди за појава на каква и да е омраза – односно во состојба на една постојана превентивност во еден поширок меѓуинституционален аспект, кој што опфаќа низа општествени сегменти – образование, култура, социо-економски фактори и слично.

„Од страна на Министерството за внатрешни работи таквиот вид на омраза ќе биде благовремено детектиран и бескомпромисно спречен во својот корен.  Но и сите останати институции во државата се широко отворени за иницијативи и идеи во насока на заедничко превенирање на таквите тенденции”, изјави Спасовски истакнувајќи дека еврејската заедница овде, во Македонија, е тесно вткаена во севкупниот живот и развој на нашето општество, како дел од овдешната култура, традиција и воспитание и ја сподели својата надеж дека заеднички ќе успееме да извојуваме уште една победа против предрасудите и омразата во светот денес, а за одново оживување на солидарноста, сочувството, толеранцијата и хуманоста, како највисоки идеали кон кои човештвото тежнее.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ