„Меиловите со најави за поставени бомби се праќаат од надвор, преку VPN адреси и креирани виртуелни мејлови. За истрагата мора да одиме преку меѓународна правна помош, од интернет провајдерите добиваме информациите кои потоа ги проследуваме до секторот за тероризам“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека во истрагата и во обезбедувањето на сите информации се вклучени и партнерските служби од НАТО, Интерпол и Европол
„Карактеристично е што заканите се појавуват во среда, четврток и петок. Втора карактеристика е што е само во одредена смена на ученици и наставници. Тоа се дел од работите кои се анализираат“ рече Спасовски
Министерот кажа дека сите дојави досега се лажни, но по секоја од нив мора да се постапува, бидејќи постојат протоколи кои не може да се изземат.
„Содржините на мејловите се различни. Денес пишаа дека некој наводно сакал да преговара. Но, со терористи нема преговори“ рееч Спасовски.
Многу скоро ќе заврши истрагата за лажните дојави за бомби и ќе излеземе со информации
„Постојат многу факти во истрагата за лажните дојави за бомби кои се утврдуваат. Зошто во Скопје, зошто прво во ЈСП, па во средните училишта? Сите информации и заклучоци ќе ги кажаме кога ќе заврши истрагата и ќе имаме реализација, што ќе биде за многу брзо“ изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека важно е да се сочува мирниот пристап на сите и покрај вознемиреноста и несигурноста и повика да не се политизира овој случај.
„Ваквите напади не се изолиран случај само во Северна Македонија. Вакви напади има и во САД и во други земји-членки на НАТО и ЕУ“ рече Спасовски.
Министерот додаде дека штом се утврдат сите факти и сите податоци, во соработка со јавното обвинителство ќе се излезе со во јавноста и се ќе биде транспарентно објавено.