Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово, Пјетер Шала, познат како командант „Волк“, денеска беше осуден на 18 години затвор од Специјалниот суд во Хаг, известија косовски медиуми.
Специјализираните совети и Канцеларијата на специјализираниот обвинител на Косово ја објавија пресудата против поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, Пјетер Шала, познат како командант „Волк“, против него беа поднесени четири обвиненија.
Во резимето што беше направено на судската седница, се вели дека против него се покренати четири обвиненија за воени злосторства, а злосторствата главно се случиле од 17 мај до 15 јуни 1999 година.
Д. Т.