• Latest

Спировска и Богоевски едногласни: Нема да не заплашат!

June 28, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спировска и Богоевски едногласни: Нема да не заплашат!

June 28, 2016 12:40
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа, разговараше со Павле Богоевски и Симона Спировска, едни од најгласните активисти, откако синоќа беа приведени за време на протестот на Шарената револуција. 

13325629_980544605397342_312488200098854582_n

“Зборував со моите родители на телефон кога еден од луѓето кои нé приведуваа ми ја покажа значката. Телефонот ми беше одземен од рака и исклучен. Потоа, ни кажаа дека нé застанале заради потврдување на идентитетот. Се случи во моментот јас и мојот сопруг да немаме лични карти со нас. Не оставија да чекаме половина час. Јас им реков да ја скратиме маката и да одиме кон станица. Отидовме во полициска станица ‘Центар’, не симнаа во подрумот, ни дадоа да потпишеме изјави дека не сме носеле лични карти и да потпишеме прекршочна за неносење лични карти. Тоа е во ред, тоа е наша грешка. Потоа, се симнаа и од мене да побараат да потпишам втора прекршочна за боење на Министерството за правда. Втората прекршочна одбив да ја потпишам. Набргу не пуштија”, објаснува Спировска за тоа што се случило вчеравечер.

“Мојата порака е, како и досега, дека можат да се обидуваат да не заплашат, но никогаш нема да им успее! Со ова, само го будат се повеќе гневот на граѓаните. Со ваквите апсења, граѓаните се повеќе сфаќаат во каква држава живееме и сме живееле”, потенцираше актерката Спировска.

13340229_976137472504722_7061102742215666199_o

” Во моментот кога отидовме пред полициската станица, тогаш уште не знаевме за што е пријавата, ме повикаа и мене каде што бев казнет за уште еден прекршок, пријава за кршење на Законот за јавна чистота, веројатно поради боење на фасадата на Министерството за правда”, изјави Богоевски.
На прашањето дали му било прекршено некое човеково право, Богоевски вели:
“Освен фактот што едни луѓе се апсат за фрлање боја, а други луѓе кои извршиле десетици лоши дела се на слобода, немаше кршење на човекови права”, смета Богоевски.

“Борбата продолжува, мора да издржиме!”,  порачува тој.

ЦМ

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: активистиапсењаМакедонијаполитичка кризаПротестиЦивилшарена револуција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result