Почетокот на 2017 година беше период полн со надежи и веројатно заради тие надежи претстоеја поголеми или помали разочарувања, вели актерката и активистка Симона Спировска, во разговор со ЦИВИЛ Медиа за Перспективи 2018.
„Не можам да ја оценам 2017 година како неуспешна, по целиот период од 11 години кој го сведочевме. Затоа се надевам дека 2018 година ќе биде простор за исправање на грешките коишто се направија претходната година, ќе биде простор за да се потсетиме за што се боревме и за што протестиравме сите овие години и ќе биде простор за да ги потсетиме оние кои сега се одговорни за промените кои треба да се случат во нашата земја“, вели Спировска.
„Тоа е и мојата порака, мислам дека треба секојдневно да се потсетуваме. Мислам дека тоа ќе придонесе кон заборавање на ‘вие и ние’, на ‘ваши и наши’, ќе придонесе кон напредок, ќе придонесе кон тоа да имаме држава во која што сите ќе сакаме да живееме, држава за која се боревме“, потенцира таа.
Овој разговор е дел од серијата видео-изјави под заеднички наслов „Перспективи 2018“ во кој учествуваа околу 20 врвни експерти и претставници на граѓанското општество. „Перспективи 2018“ е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Обработка на текст и фотографија: Маја Ивановска
Монтажа: Биљана Јордановска