• Latest

Список на фирми кои земале државни пари, а не им исплатиле на работниците, јавноста бара санкции за истите

July 31, 2020

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Список на фирми кои земале државни пари, а не им исплатиле на работниците, јавноста бара санкции за истите

July 31, 2020 11:31
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владата вчера објави список од компании кои земале финансиска поддршка од државата за исплата на плата на вработените за време на корона-кризата, но не им ја исплатиле на работниците.

Од Канцеларијата на портпаролот на Владата, посочија дека се координираат со Генералниот секретаријат во врска со оваа активност.

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска потврди дека ќе има санкции за компаниите кои добија државна помош, а не им ја дадоа на работниците.

Според Царовска, моментно се испитуваат сите правни можности.

„Платите итно треба итно да се исплатат на работниците, треба да се покаже одговорност од страна на компаниите. Направен е голем пропуст и секако санкционирање на компаниите ќе се случи. Во моментов, Генералниот секретаријат ги испитува сите правни можности, се покренуваат сите елементи кои се можни“, истакна Царовска, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Витек“ во ТИРЗ Скопје 1.

Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ Медиа изјави дека треба да има најстрога можна казна за сите газди на фирми кои профитираат врз грбот на работниците и на најслабите.

Јовановиќ вели дека покрај тоа што работодавачите ќе мора да ги вратат парите на државата, тие мора да добијат и кривична одговорност.

Тој додава дека државата мора да покаже строгост и да ги казни фирмите и со тоа да упати порака дека секој ќе биде казнет ако погреши.

Јовановиќ додава дека државата треба во иднина директно да им префрли пари на граѓаните, нешто како што направија со платежните картички, но наместо картички да им префрлат пари, а не преку фирмите во кои работат како што беше до сега.

Дарко Димовски, претседател на ССМ истакна дека сметаат дека таквото однесување на работодавачите е недозволиво, неправедно, незаконско и нехумано.

„Сметаме дека треба кривично да се одговара и некој да заврши зад решетките. Од УЈП беа коректни и одговорија најбргу што можат на нашите апели. Ги пронајдоа компаниите и според законот заедно со Државниот трудов инспекторат ќе ги казнат со глоба за да ги дадат парите што ги должат. Но, тоа не е доволно и мора кривично да се одговора“, побара Димовски.

Под притисок на јавноста и реакциите на граѓанските организации, дел од фирмите побрзале да ги исплатат заостанатите плати, кои им беа ветени на работниците.

ЦИВИЛ најостро ги осуди противзаконските и нехумани постапки на работодавачите кои примиле финансиска помош од државата и – наместо да им дадат плати на своите вработени – тие ги задржале парите за себе. Според ЦИВИЛ, тоа е незамисливо срамно и крајно неприфатливо однесување кое мора веднаш да биде санкционирано.

„Финансиската поддршка од државата била за справување со кризата предизвикана од Ковид-19, односно да се зачуваат работните места на работниците, а не работодавачите незаконски да профитираат врз грбот на работниците за време на најголемата здравствена, социјална и економска криза со која се соочува не само нашата земја, туку и целиот свет. Овој случај не смее да заврши во корист на моќниците, а на сметка на работниците кои, во голем број случаи, едвај врзуваат крај со крај. Државата не смее да биде милостива кон газдите. Напротив, треба да покаже строгост и праведност, најостро да ги санкционира сите кои мислеа дека ќе успеат да „го измамат системот“, стои во соопштението на ЦИВИЛ.

Оваа постапка на работодавачите ја осуди и ССНМ заедно со неколку граѓански организации.

„Силно ги осудуваме сите работодавачи кои примиле финансиска поддршка од државата, а не ја исполниле обврската за исплата на плати на своите вработени . Целта на државната финансиска поддршка утврдена со владината уредба за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 беше да се зачуваат работните места на работниците, а не работодавачите незаконски да профитираат на грбот на работниците за време најголемата здравствена, социјална и финансиска криза со која се соочуваме“, стои во нивното соопштение.

На прес-конференција на Управата за јавни приходи беше објавено дека вкупно 281 работодавач кои примиле финансиска поддршка за месец април годинава во износ од 9.995.565 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени, односно за месец мај вкупно 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13.698.998 денари.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска истакна дека на работодавачите кои користеле финансиска поддршка, а не извршиле исплата на плата им доставени опомени и како што најави доколку не извршат исплата во определениот рок, ќе следи спроведување на постапка на присилна наплата на платата. Дополнително, додаде, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување во ваков случај предвидува изрекување на глоба за сторен прекршок, а работодавачот ќе биде задолжен да ги врати добиените финансиски средства во целост, заедно со камата, во спроведена постапка на УЈП во соработка со Државниот инспекторат за труд.

А. П. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ