„Веќе пет дена Владата не дава одговор на кои невладини организации се префрлени еден милион евра во предизборниот период и за каква намена ќе бидат користени.“ – објави агенцијата МЕТА. „Повторно го прашуваме СДС, дали се врши масовен поткуп за гласови и дали се прави нов инженеринг за претстојните локални избори“, рече Соња Гелова-Стојановска на партиска прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа рече дека во четири дена во август на сметка на невладини организации се префрлени 264.000 евра, а трансферите продолжиле и во септември. Според неа, на 20 септември биле префрлени 85.500 евра, на 26 септември – 267.000 евра, а на 27 септември на сметките на невладините организации се префрлени 214.450 евра, односно вкупно 831.000 евра.
извор: МЕТА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.