• Latest
Петрит Сарачини

Справување со национализмот – предуслов за подобра иднина

November 17, 2021
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Справување со национализмот – предуслов за подобра иднина

Земјата и нејзините граѓани се предолго заложници на минатото, митовите и историјата. По долги години мобилизација за „одбрана од непријателите“, сега е потребна мобилизација за напредок на општеството. За победа на општеството и подобра иднина, треба да се порази национализмот и да се остави во минатото. Инаку, лесно може да се изгуби не само моментот, туку и она што со години и маки го гради целата земја и сите нејзини граѓани.

November 17, 2021 09:02
in ЗЕЛЕНИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини

Share on FacebookShare on Twitter

ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Балканот е еден од неславните светски примери за разорната моќ на национализмот. Нашиот регион, познатото „буре барут“, е типичен показател за резултатите што може да ги донесе националистичкото лудило индуцирано од политички и научни елити, кога ќе се фатат со создавање „непријатели“ и градење „големи“ држави, прикривајќи ја со тоа голата борба за власт, моќ, пари и купување на внатрешен мир.

И во такво опкружување, Македонија некако успеа да се измолкне од последната крвава националистичка епизода на Балканот со распадот на Југославија во 90-тите, па и од 2001-вата година и вооружениот конфликт во земјата, кој беше спречен пред да прерасне во вистинска војна. Честопати го избегнувавме злото, најмногу благодарејќи на пријателите однадвор, но и на мудроста на поголем дел од граѓаните.

Но, не може да се избегне впечатокот дека во сите овие 30 години македонска независност национализмот е важен фактор во земјата, кој сериозно влијае во детерминирање на општествените односи, динамиката на прогресот и промените. Добар дел од политичките елити во земјата постојано го користат национализмот како погонско средство за мобилизирање на поддршка за остварување на сопствените интереси, кои најчесто подразбираа и опструирање на напредокот на земјата.

Така беше со сите важни одлуки од самостојноста наваму – со приемот во Обединетите нации под референцата ФИРОМ, промената на знамето и привремената спогодба со Грција,  така беше со одлуките за високо образование на албански јазик, па со Рамковниот договор, територијалната поделба, Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија…Национализмот е подлогата за сите опструкции кои ги оневозможуваа, отежнуваа или одложуваа решенијата, кои создадоа наративи на поделба што траат со децении, а кои, како што гледаме не се случија – нема ниту распад, ниту поделба на земјата, ниту бришење на народи, како што предвидуваа, а можеби и посакуваа националистите.

Но, тој националистички пристап во македонската политика и понатаму е мошне жив, моќен и активен, и е главен создавач на поделбите во општеството и спречување на постигнувањето консензус по речиси сите прашања.

Затоа, Македонија 3 децении чекори по работ на бездната, секогаш во состојба на латентен меѓуетнички конфликт кој ја држи во заложништво земјата и се засилува или слабее по желба на политичките елити. Земјата е сè уште поделена во две паралелни општества и јавности, кои имаат многу малку заеднички точки на интеракција.

Национализмот, ако погледнете подобро, е тој што е во основа на речиси сите проблеми во земјата. Тој е тука како дежурен текст или поттекст за пронаоѓање на соодветниот „кривец“ за сите маки. Го има насекаде. Од спортот и културата (каде што најмалку би требало да го има), образованието и здравството, земјоделието и економијата, правосудството и администрацијата, во политиката и партиите најмногу…И, секаде е кочничар на прогресот.

Оваа состојба најмногу им одговараше и им одговара на националистите од „двете страни“, кои честопати добиваа избори и власт јавајќи на бранот на популизмот и национализмот, заострувајќи ги меѓуетничките односи, за потоа да создаваат владејачки коалиции во кои го делеа изборниот плен и власта.

Наспроти тоа, веќе неколку години во земјата се појави еден нов, сосем поинаков концепт спротивен на оној што го нудат националистите. „Едно општество за сите“ – кој за време на последната влада стана и државна политика и стратегија, нуди почит кон секој граѓанин, еднакви можности без оглед на етничка, верска, политичка, родова, сексуална или било која друга припадност, и општество кое нема да оценува „(не)подобности“ и други „квалитети“ и „припадности“, кое ќе гради солидарност, ќе ги штити понемоќните и ќе ги негува различностите.

Се чини дека сегашната власт успеа да оствари блага општествена доминација и да протурка неколку важни процеси од тој концепт и да мобилизира и политичка, но и општествена поддршка од повеќе и етнички но и други општествени групи, што резултираше и со изборни победи на претходните локални, претседателски и парламентарни избори.

Но, и на националистите „им текна“, па така овој концепт последниве месеци доби своја „конкуренција“, во коалиција на партии од различна етничка припадност, кои го негуваат отворено или прикриено национализмот или изразената етноцентрична реторика, но сепак  направија сојуз против владејачката мултиетничка коалиција не претходните локални избори.

На прв поглед, борбата меѓу две мултиетнички коалиции ветуваше намалување на национализмот и меѓуетничките тензии. За жал, не испадна така како што замислуваа многу аналитичари, дека кога ќе се случи таа политичка битка, тоа ќе биде историски момент, а дебатата меѓу политичарите ќе стане многу поблиска до вистинските проблеми на граѓаните. Во реалноста, немаше многу за „историско“ сеќавање. Национализмот само смени терен, и наместо на полето на меѓуетничка конфронтација, се засили уште повеќе внатре во самите етнички заедници, заострувајќи ги поделбите на „патриоти“ и „предавници“.

Сепак, дури и вакво „прагматично“ и опортунистичко стивнување на националистите не треба да се пропушти како шанса за општеството.  Од осамостојувањето наваму, Македонија неколкупати зачекоруваше напред, па се враќаше со крупни чекори назад – поради национализмот. Искуството вели – џабе ќе ни биде и членството во НАТО, а и најавените преговори со ЕУ, ако не го поразиме и маргинализираме национализмот како опција.

А резултатите од последното гласање не се баш оптимистички – националистите и радикалната реторика имаат силна поддршка, која не опаѓа, за разлика од прогресивниот дел од општеството, кој е пофрагментиран, а и поразочаран од бавните тргни-застани промени, и не претставува некоја гласачка војска што може да се мобилизира лесно, со гола пропаганда.

И покрај тоа, овој пат, земјата навистина има реална шанса, од полето на конструктите и измислените проблеми да се премести во реалноста на 21 век. Овој прозорец на можности доаѓа во вистински момент, во прилично оневозможувачка средина и внатре во земјата и во регионот, полна со опструкции и блокади, со моќни националистички струи секаде. И повторно, доаѓа поради силна пријателска поддршка заслужена со мудроста на граѓаните (и дел од политичарите), но тој прозорец нема да биде отворен долго, и е можеби последна шанса за прогрес во целиот регион.

Претстои важен период, во кој Северна Македонија ќе има можност да продолжи да чекори напред. Ова е време кога оние што знаат и ја имаат почитта на општеството треба да учествуваат активно во сите процеси, особено во оние кои градат демократско општество, еднакво за сите. Потребни се сите капацитети, знаење, аргументи, дебата и критика, продуктивни, стручни општествени форуми кои ќе продуцираат решенија и процеси што го градат постојано нашиот капацитет за интензивна комуникација и интегрирање со другиот дел на Европа.

Земјата и нејзините граѓани се предолго заложници на минатото, митовите и историјата. По долги години мобилизација за „одбрана од непријателите“, сега е потребна мобилизација за напредок на општеството. За победа на општеството и подобра иднина, треба да се порази национализмот и да се остави во минатото. Инаку, лесно може да се изгуби не само моментот, туку и она што со години и маки го гради целата земја и сите нејзини граѓани.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ