Иако протестот на Шарената револуција е закажан дека ќе започне од 19:00 часот, полицајци – припадници на специјалните единици, веќе се поставени пред Музејот на ВМРО во Скопје.
Истовремено, приврзаниците на Граѓанско движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), на чело со неколку градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, Ивица Коневски и Стевче Јакимовски од ГРОМ…, се собраа пред Кривичниот суд во Скопје да му дадат поддршка на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кому судот му одреди 30 дневен куќен притвор.
ЦМ