Александар Србиновски од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал на панелот на ЦИВИЛ „Безбедноста и реформите во полицијата: Поблиску до граѓанките и граѓаните“.
Отвореноста кон медиумите и кон јавноста на полицијата е од круцијално значење… Однесувањето кон медиумите е подобрено од некои минати несакани периоди и времиња, бидејќи како една полиција се однесува и контактира со медиумите, како партнери со невладините организации, практично, всушност, се цени нејзиниот демократски капацитет. Свесен сум дека до сега јавноста во суштина не беше навикната на еден транспарентен пристап кон медиумите. Но, морам да додадам дека и во едни вакви промени секогаш механизмот не е најефикасен иако се подобрува.
Еднаквиот пристап до информации е многу битен како од новинарска гледна точка, така и од организации што се занимаваат со превенција и активности што превенираат организиран криминал, затоа што тие се битни за градење на демократичноста на едно општество. Затоа го поддржувам процесот на реформи во полицијата „Голем дел од медиумите не ја разбираат потребата на полицијата во голем дел да изврши заштита на информациите што се публикуваат во јавноста, бидејќи не секој во медиумите знае дека постојат одредени класифицирани информации со одреден степен на доверливост поради законски причини не се достапни до медиумите, но не смее тоа да биде и изговор за целосно да се врши чување на овие информации како доверливи и притоа да се злоупотреби просторот на одредени полициски тела коишто по линија на помал отпор би избегнале да ја презентираат својата работа во јавност“, додаде Србиновски.
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети