• Latest

Средба на Заев и Бајден на самитот на НАТО

June 15, 2021

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба на Заев и Бајден на самитот на НАТО

June 15, 2021 11:00
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев за МИА открива дека на маргините на самитот на НАТО се сретна со американскиот претседател, Џозеф Бајден, за кого ова беше прва лидерска средба во Алијансата откако стапи на оваа функција. Заев го поканил Бајден во Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во интервју за МИА, кое ќе биде објавенo во целост денеска, премиерот Заев откри дека остварил куса, но значајна средба со новиот американски претседател од кого добил охрабрувачки пораки, и најава посета на Западен Балкан.

-Се видов и со претседателот Бајден, имавме прилика да поразговараме, разговорите беа прво за нашата енергетска поврзаноста, којашто ја правиме заедно преку проектот Александрополи, тоа е американско-грчки-македонски проект, но поразговаравме и за неговата посета на Западен Балкан. Ја искористив приликата да го поканам, секако тој позитивно искоментира, кажувајќи ми дека го знае Западен Балкан, работел за Западен Балкан, ја има целата поддршка на Соединетите Американски Држави и секако во неговата агенда ќе планира некоја посета. Позитивно беше што беше информиран веднаш и веднаш честиташе за нашето членство во НАТО, изјави Заев за МИА.

-Навистина разговорот беше пријатен како земји стратешки партнери во делокругот на вредностите, на демократијата, на напредувањето на сето она што значи квалитетен живот овде во Северна Македонија. Затоа што навистина Америка тоа го правела сите овие 30 години независност во нашата поддршка, а за мене и за нашиот народ е важно да продолжи таа поддршка. Драго ми е што имавме прилика со него да поразговараме на вака значајни теми коишто се преокупација и на Америка и на Европа, иако не сме членка на ЕУ, верувам дека подеднакво гледаат на сите нас, впрочем тоа и го покажа тоа низ разговорите претседателот Бајден, раскажа премиерот.

Премиерот оствари низа други билатерални средби со лидерите на земјите членки на НАТО на овој самит, кој е и првиот за Северна Македонија откако таа е полноправна членка на Алијансата.

Во разговорот, Заев се осврнува и на другите клучни теми кои ја засегаат Северна Македонија и кои беа тема на дискусија на овој самит, меѓу другото односите со Кина, но и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев и перспективите Софија до 22 јуни да го крене своето вето за почеток на преговори со Европската Унија. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ