• Latest

Средба Заев и Шекеринска со пет штабни офицери вратени од Авганистан: Вие сте гордост за државата и посакуван партнер во меѓународните мисии

October 1, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Средба Заев и Шекеринска со пет штабни офицери вратени од Авганистан: Вие сте гордост за државата и посакуван партнер во меѓународните мисии

October 1, 2020 14:35
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска  остварија средба со група офицери кои се вратија од мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан. На средбата на која присуствуваше и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани, премиерот Заев од лично и од име на Владата им се заблагодари и упати честитки до офицерите за успешно извршената мисија.

Премиерот Заев истакна дека припадниците на нашата Армија се гордост за државата и со својата висока професионалност се посакуван партнер во меѓународните мисии.
„Сега сме членка на НАТО. И како рамноправен партнер споделуваме одговорно во придонесот за зачувување на светскиот мир. Вие ја претставувате нашата земја во најдоброто светло што е исклучително важно“, истакна премиерот Заев.
На средбата министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека нашата држава дава значаен придонес со учеството во меѓународните мисии и досега се испратени над 4.000 војници.
„Ми претставува задоволство  што нашите офицери успешно ја извршиле мисијата. Ова претставува огромно искуство за нашите офицери. Од овие мисии се профилираат нашите најдобри професионалци“, нагласи министерката Шекеринска.
Штабните офицери, кои се вратија од Мазар е Шариф и беа распоредени во рамките на Командата за обука, советување и асистенција – Север, истакнаа дека нашите војници и офицери се ценет и доверлив партнер во меѓународните мисии.
На средбата беше изразено задоволство од видно подобрените услови во Армијата, при што беше истакната поддршката на Владата за унапредување на материјалните услови, статусот и достоинството на војниците и старешините. Воедно беше нагласено дека останува посветеноста за натамошно учество во постојните и нови меѓународни мисии.
Република Северна Македонија, својот придонес со штабни офицери во Командата за обука, советување и асистенција – Север го започна пред 6 години и учествуваше со 13 шестмесечни ротации.
Учеството на припадниците на Армијата во мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул, Авганистан, продолжува сѐ до нејзиното завршување.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ