• Latest

Средношколците со посебни потреби чекаат на Законот за средно образование за да добијат образовни асистенти

September 26, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Средношколците со посебни потреби чекаат на Законот за средно образование за да добијат образовни асистенти

September 26, 2022 10:58
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Никола Стојановски е само еден од многуте средношколци кои имаат потреба од образовен асистент затоа што боледува од Даунов синдром. Впрочем, Конвенцијата за правата на детето јасно насочува дека треба да се овозможи образование кое ќе биде насочено кон развојот на личноста на детето, неговите надарености и менталните и физичките способности до крајни граници.

Но, наставата во државната гимназија за физичка култура „Методи Митевски Брицо“ во Скопје, Никола веќе еден месец ја следи заедно со својата мајка затоа што државата не обезбеди асистенти за децата како него, јавува Мета.мк.

Тој е амбициозно момче и, како што изјави за Мета.мк, планира да се запише на факултет. Неговата попреченост не го спречи и да биде дел од групата деца која неодамна се закити со десетици златни медали на инклузивната меѓународна Научна олимпијада за млади иноватори, а редовно посетува и часови по знаковен јазик.

Неговата мајка Сузана, во надеж дека ќе се најде решение, навремено испратила писмо до надлежните институции во кое посочува со каква голгота се соочува нејзиниот син. Но, до сега, одговор со конкретно решение не добила, со образложение дека се чека усвојувањето на новиот Закон за средно образование.

Таа, покрај тоа што е загрижена како да обезбеди образовен асистент, смета и дека нејзиното присуство на часотивте не се одразува позитивно врз комуникацијата на останатите ученици со Никола.

„Повеќе од децата таму што гледаат дека и родител присуствува на часовите некако се повозрдржани отколку во втора година кога одеше со асистент и кога знаеа и да се дружат и да си биде со нив. Сега е малку поинаква ситуацијата, самите деца некако поинаку го доживуваат тоа дека родител е присутен на часовите за целото време на наставата“, вели Сузана.

Во моментов, образовни асистенти за дел од средношколците се обезбедуваат преку програмата за Општинско – корисна работа на УНДП во партнерство со локалните самоуправи, Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика.

Од УНДП за Мета.мк велат дека за оваа година поддржале 50 општини кои аплицирале во оваа програма. За период од 9 месеци ангажирале 584 невработени лица.

Но, меѓу нив има и такви кои обезбедуваат помош за стари и изнемоштени лица, лица со оштетен вид или слух, лица со попреченост и други ранливи категории.

„Вкупно 83 позиции се за образовни и лични асистенти за деца со попреченост во средно образование во 17 општини“, велат од УНДП.

Ставот на Народниот правобранител е дека секое дете треба да има право на непречено и квалитетно образование, како основно човеково и уставно загарантирано право.

Од таму за Мета.мк велат дека по сопствена иницијатива отвориле предмет со цел да го мониторираат остварувањето на правото на образование на децата во основните и средните училишта, а во меѓувреме покрај јавувања од родители, доставени се и претставки во кои укажуваат на потешкотии или неможност за обезбедување на образовна асистенција за децата, како во основно така и во средно образование.

„Загрижува тоа што и оваа учебна година образовната асистенција за учениците во средно образование ќе се обезбедува со поддршка на УНДП преку вклучување на евидентираните невработени лица од Агенцијата за вработување на РСМ во програмата за Општинско-корисна работа. Меѓу другото и поради сознанијата дека само неколку општини во август објавија јавни повици за ангажирање на образовни асистенти, при што ангажманот е во времетраење од девет месеци, за што ќе добиваат паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари. Поради тоа постои голема незаинтересираност од страна на потенцијалните кандидати“, изјавија од канцеларијата на Народниот правобранител.

Додаваат дека сериозно загрижуваат сознанијата оти потенцијалните кандидати кои ќе ја испорачуваат оваа услуга воопшто и не се проценуваат врз основ на нивните професионални квалификации и компетенции, а ќе даваат поддршка во учењето на деца со попреченост што секако претставува одговорна задача која треба максимално посветено и професионално да се работи.

„Неспорно образованието има клучна улога во развојот на децата/младите, што нè обврзува како држава да создадеме услови за остварување на ова право без дискриминација и врз основа на еднакви можности, преку инклузивен систем на образование, образование кое ќе биде во најдобар интерес на детето. Оттука, недостигот од образовни асистенти за учениците со попреченост вклучени во редовните училишта, претставуваат сериозна бариера за непречено остварување на ова право, проблем кој час поскоро треба системски да се реши“, истакнаа од канцеларијата на Народниот правобранител.

Сметаат и дека е потребно интензивирање на активностите од страна на Министерството за образование и наука со цел донесување на нов Закон за средно образование, кој ќе биде усогласен со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, и во таа насока поддршката за учениците со попреченост во средното образование (образовна асистенција) да биде утврдена како системско решение.

Мета.мк побара одговор од Министерството за образование и наука до каде е процедурата за новиот Закон за средно образование и кога ќе биде усвоен, но не доби конктерен одговор.

Од МОН, исто како и на почетокот на учебната година, одговорија дека Законот за средно образование е во фаза на изработка и истиот ќе обезбеди образовна асистенција за учениците со попречености во државните и општинските средни училишта.

Во меѓувреме, од МОН посочуваат дека образовни асистенти за средношколци во општински средни училишта се ангажираат преку програма за општинско корисна работа.

Конкретен одговор на поставените прашања не добивме ниту од Министерството за туд и социјална политика кои се дел од програмата за Општинско корисна работа.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ