ЛГБТИ Центарот за поддршка го осудува начинот на кој одредени медиуми ја пренесоа веста дека премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, заедно со нејзината партнерка добила син. Оваа вест одредени медиуми ја искористија како прилика уште еднаш да ја демонстрираат својата неукост и игнорантност при известување за истополови партнерства.
Во таа насока, телевизијата Канал 5 на вчерашните попладневните вести пренесе дека „Српската премиерка Брнабиќ стана татко”. Ваквото известување е апсолутно родово несензитивно и тенденциозно, со намера да го исмева истополовото партнерство и децата кои се раѓаат во таквиот однос.
ЦИВИЛ се придружува кон реакцијата на ЛГБТИ Центарот за поддршка и ја осудува ваквата пракса во медиумите и јавниот дискурс воопшто. Ваквиот начин на презентирање е тенденциозен и директно ја потпалува хомофобијата. Не се работи за несмасност, туку за отворен хомофобичен став и намерно искривување на фактите.
Џ. Д.