Струмичанката Роксана Божинова остана и без новата гарнитура и без 20.000 денари. Парите ги уплатила во оваа продавница во готово, а мебелот од „Нефа“ требало да стигне дома уште пред еден месец.
Во пазарниот инспекторат пристигнале над 70 пријави од граѓани кои биле измамени од компанијата Нефа Мебел. Инспектори за Алсат велат дека бројот на пријави расте. Министерот за економија Крешник Бектеши најавува дека по разгледувањето на случајот ќе се преземаат конкретни мерки против компанијата кој оштети стотици граѓани.
„За случајот со компанијата за мебел разговарав со директорот на пазарниот инспекторат. Сега се доставени неколку пријави од граѓани. Ние согласно законите ќе преземеме мерки веднаш откако ќе се обработат предметите“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.
Од Финансиската полициија информираат дека е отворена предистражна постапка и се собираат информации за управителот на фирмата и за законскиот претставник. Рускиот инвеститор, Андреј Ходашевич вети дека како сопственик на холдингот ќе обезбеди буџет за враќање на парите и оти до 31 мај ќе ги уплати на сметката на српската компанија за да им се вратат парите на луѓето кои платиле, а не добиле мебел, но и за плати на вработените.
Нејзината судбина ги снајде уште стотици граѓани низ земјава кои уплатиле во некој од 14-те салони и мислеле дека ќе добијат поевтин мебел од српско-руската компанија „Нефа-мебел“. Скопјанка која платила 600 евра за мебел во Тетово вчера пријавила во локалната полиција дека е измамена. Во МВР вчера уште двајца скопјани пријавиле дека се наседнати во измамничката шема. На терен работи и државниот пазарен инспекторат.
„Досега има пристигнато 5 пријави од граѓани во месец мај, дека се измамени од фирмата „Нефа мебел“. Излезени се двајца инспектори на терен кои ги испитуваат околностите, а од понеделник ќе стапиме во контакт и со Централен регистер околу информации за сопственоста“ – вели Државен пазарен инспекторат.
„Нефа мебел“ е регистриран даночен обврзник во УЈП. Според информациите од Централен регистер сопственик е српската „Холлодекс“, со седиште во Белград. Како управител се јавува извесна Јулијана Вицо. Лице со исто име и презиме е заведено како 25% сопственик во Компанија за производствот на текстил во Србија. Случајно или не, Вицо е назначена за управител на 10 мај, месецов кога десетици граѓани почнуваат да пријавуваат за измамата. До тогаш како управител се јавува Дане Тодоровски. Неговото име претставен како генерален менаџер во компанијата дава неколку интервјуа минатата година.
Според податоците од Централен оваа фирма ги менува управителите еднаш годишно. Пред Тодоровски, запишана е извесна Ана Ростокина. Оваа фирма која имала приходи од околу 600.000 евра, но на крај 2018-та ја затворила со минус.
Судбината на македонските купувачи ја делат и српските, кои револтирани од измамата влегувале во продавниците и сами си земале мебел како надоместок. Вестите од соседството се дека сопственикот Максим Максимов си ги спакувал куферите и се вратил во Русија.
A. M.