Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦС) соопшти дека е стабилна состојбата на девојчето во кое вчера удри автомобил за време на протестот во Белград, пишува РСЕ.
Од Клиниката додаваат дека од одделението за интензивна нега е префрлена на одделение. Пациентката е свесна, комуникативна, во добра општа состојба и се очекува да биде отпуштена од болница во следните два до три дена.
Студентка на Земјоделскиот факултет во Белград е повредена кога за време на масовниот протест во Белград, девојка влетала со автомобил во група демонстранти. Вишото јавно обвинителство подоцна соопшти дека за тешко убиство во обид е осомничена жена со иницијали М.С., која со автомобилот ја удрила студентката. Нејзе и е одредена мерка притвор до 48 часа.
(ВИДЕО) Уште една студентка прегазена со автомобил на протестите во Србија