• Latest

Станковиќ: 2018 ќе биде многу тешка и сериозна година

January 9, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Станковиќ: 2018 ќе биде многу тешка и сериозна година

January 9, 2018 12:13
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Значи, 2017 беше генерално многу лоша година. Мојот внатрешен скептицизам којшто го поседувам премина во доза на нереален оптимизам очекувајќи дека ќе се случат многу работи, имајќи ги предвид сите движења во општеството, сите случувања кои изминативе две години се случија“, вели новинарот Љубиша Станковиќ, во разговор со ЦИВИЛ Медиа за Перспективи 2018.

„На почетокот на февруари, на денот на новинарството, јас како претставник на Утрински весник излезам на улица со сите мои колеги од другите весници на МПМ и да покренам штрајк. За жал, таа битка ја изгубивме, што за мене беше поразително од аспект на тоа што стотици колеги останаа на улица, истите тие коишто се обидуваа да ги чуваат брендовите на таканаречените газди кои ги немаше сето тоа време. Знаете, сето тоа се одразува и на личното здравје, како ментално туку и физичко, па така и јас попуштив пред сите тие случувања.

Од друга страна бев тој којшто сметаше и сè уште смета дека менталното здравје е сепак најбитно и најважно. И тоа им го пренесувам на моите колеги и ден денеска, иако дел од нив се сè уште на улица. После се и мене ми се случија некои нови медиуми, условно речено нови медиуми. Се пробав себе си во некои други сфери, други области, повторно новинарски, и после онаа фраза ‘после секоја изгубена битка се добива војна’, се поубеден сум дека војната мора да се добие.

За жал, и овие случувања сега со владата, со тела, со финансирање или нефинансирање, помагање на медиуми, и сето тоа е дел од таа една приказна која остава простор за голема резерва во смисла на тоа дека нема перспектива. Убаво е кога се отвараат нови медиуми, кога постои здрава конкуренција, кога едни со други се натпреваруваат во информациите. Но некако како работите да излегоа од контрола и работите отидоа во некој друг правец, што мене сериозно ме загрижува“, вели Станковиќ.

„Ако биде и 2018 таква, а не би сакал тоа да се случи, ќе биде многу тешка и многу сериозна година, не само за новинарите и медиумите, туку пред се за власта и за опозицијата“, заклучува тој.

Овој разговор е дел од серијата видео-изјави под заеднички наслов „Перспективи 2018“ во кој учествуваа околу 20 врвни експерти и претставници на граѓанското општество. „Перспективи 2018“ е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Биљана Јордановска
Фотографија: Вулнет Махмути
Обработка на текст: Маја Ивановска

Tags: 20172018владаЉубиша СтанковиќМедиуминадежиновинариперспективи
Share16TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ