„Постоењето на еден специјализиран портал каков што е „Правосудство“ произле од фактот дека правосудството е на самото дно на општественото живеење, но не поради тоа што некој таму сака да биде, туку поради тоа што години наназад тоа претставуваше продолжена рака на извршната власт“, вели главниот и одговорен уредник на порталот „Правосудство.мк“, Љубиша Станковиќ во изјава за Фронтлајн.
Станковиќ додава дека падот на оние кои се залагаа за послушност беше предизвикан од паролата: „Нема правда – нема мир!“ и додава дека перманентните укажувања кои доаѓаа од Европската унија дека нашиот правосуден систем го допрел дното за нас беа само констатации со кои ние, секојднено се судираме.
„Затоа и мислам дека појавата на „Правосудство“ е нешто како глас на обесправените, односно глас кој треба да ги зборува за потреба од вистинска правда. Првите три години минаа. Порталот „прооде“, а зборува уште од својот прв ден на постоење. Така ќе биде и во иднина“, вели Станковиќ.
Порталт „Правосудство.мк“ е активен од 13 декември 2017 година, и е специјализиран сајт за оваа проблематика, каде се пишува разни теми од правото како за девијациите во системот, за ослободувањето на судството, за ингеренциите на обвинителството, за иницијативите на адвокатите.