Статуафест – Интернационален уличен уметнички фестивал за живи статуи се отвори во Скопје, на улица Македонија, со почеток во 18:30 часот.
На фестивалот учествуваат домашни и светски познати артисти. Статуафест е во организација на уметничката група „Театроск“, под водство на уметничкиот директор Војо Цветановски кој на јавноста ѝ е познат и по своите колумни во ЦИВИЛ МЕДИА. Главен покровител на овој фестивал е Град Скопје.
„Театроск“ освои прво место на интернационалниот натпревар за живи статуи на фестивалот Зигет во Унгарија, со својот акт КОНТРАБАС, кој исто така ќе биде претставен на овогодинешниот уличен фестивал.
М.Л.