• Latest

„Ставете нѐ на вашиот ѕид” – кампања за подигнување на јавната свест за лицата со попреченост

December 3, 2021
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

„Ставете нѐ на вашиот ѕид” – кампања за подигнување на јавната свест за лицата со попреченост

December 3, 2021 11:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, проектот  „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“, заедно со  проектите „Поддржување на процесот на преселба на лицата со интелектуална попреченост од институцијата во Демир Капија во станбени единици за поддржано живеење“ и „Добивање живот – деинституционализација на корисниците на Специјалниот завод Демир Капија“, сите финансиски поддржани од Европската Унија, ја спроведува кампањата за подигнување на јавната свест “Ставете нѐ на вашиот ѕид”.

– Нашите заеднички напори годинава се насочени на подигање на јавната свест за т.н. невидливи попреченост, оние кои не се надворешно видливи или лесно препознатливи. Невидливата попреченост е физичка, ментална или невролошка состојба која не е видлива однадвор, но сепак може да ги ограничи движењата, сетилата или активностите на една личност. За жал, самиот факт дека овие симптоми се невидливи може да доведе до недоразбирања, лажни сфаќања и пресуди од околината. За невидливи попречености се сметаат аутизам, хронична болка и тешкотии во учењето, како и состојби на ментално здравје, мобилност, говорни оштетувања и сензорна загуба, како што се губење на видот, оштетување на слухот или глувост. Респираторни состојби како астма, хронични состојби како што се дијабетес, хронична болка и нарушувања на спиењето, кога значително влијаат на секојдневниот живот, се сметаат за невидливи попречености, велат организаторите на кампањата.

Луѓето кои живеат со невидливи попречености често се соочуваат со бариери во секојдневен живот, вклучувајќи недостиг од разбирање и негативни ставови. Тие, исто така, се една од најпогодените популации од пандемијата на КОВИД-19.

– Долгогодишното изолирање и институционализирање на лицата со попреченост остави негативни и неточни верувања и ставови за тоа што значи да се живее со попреченост. Овие ставови се прифатени и рефлектирани од медиумското покривање, од кое голем дел се потпира на стари стереотипи и дезинформации. Лицата со попреченост ретко се присутни во медиумите, а кога се прикажуваат, тие често се несоодветно претставени, како предмет на сожалување, добротворни цели или медицински третмани кои треба да надминат трагична и оневозможувачка состојба или обратно, претставени како суперхерои кои постигнале големи подвизи, за да ги инспирираат лицата што не се со попреченост, наведуваат организаторите на кампањата, нагласувајќи дека со зголемување на свеста и разбирањето за прашањата за попреченост и различноста на лицата со попреченост и нивните ситуации, медиумите можат активно да придонесат за нивна успешна интеграција во сите аспекти на општествениот живот.

Се смета дека на глобално ниво повеќе од една милијарда луѓе живеат со некаква попреченост, што значи дека едно од секои седум лица има попреченост. Генерално, тие имаат послабо здравје, пониски образовни достигнувања, помалку економски можности и повисоки стапки на сиромаштија од луѓето без попреченост.

Ова во голема мера се должи на недостигот на достапни услуги (како информатичката и комуникациската технологија (ИКТ), правдата или транспортот) и многуте пречки со кои се соочуваат во секојдневниот живот, а се во различни форми, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на физичката средина, или оние кои произлегуваат од законодавството или политиката, или од општествените ставови или дискриминација.

Проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ го спроведува Ептиса за потребите на Министерството за труд и социјална политика, со финансиска помош од Европската Унија

Годинава за кампањата соработуваат со уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула, чии дизајни во стилизирана форма отсликуваат неколку состојби на невидлива попреченост (дислексија, аутизам, биполарно растројство, Даунов синдром, дијабетес кај деца, наглувост). Дизајните во електронска форма се достапни на  https://socialservicesplatform.eu и на веб-страницата на  Министерството за труд и социјална политика.

Меѓународниот ден на лицата со попреченост се одбележува од 1992, со идеја да ги промовира, но и да потсети на правата и благосостојбата на лицата со попреченост во сите сфери на општеството и да ја зголеми свеста за состојбата на лицата со попреченост во секој аспект од политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ