• Latest
????????????????????????????????????

Стефоска за 100 дена Влада: Тука сум да дадам максимум за доброто на сите во културата

December 17, 2020
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Стефоска за 100 дена Влада: Тука сум да дадам максимум за доброто на сите во културата

December 17, 2020 15:55
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Ирена Стефоска на денешната прес-конференција изјави дека Владата ги усвои заклучоците во врска со информацијата за спроведување на планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

Стефоска особено ја истакна важноста на заклучокот кој се однесува на градењето во Охрид, Струга и во Дебрца каде што нема да може ништо да се гради без да се земат предвид  заштитно-конзерваторските услови. Како што рече Стефоска, со тоа ќе се запре процесот на упропастување на ова наше и светско природно и културно добро.

Од активностите што се реализирани досега, Стефоска ги посочи: решавањето на проблемот со неисплатените плати на три илјади и шестотини вработени во културата, новиот концепт за Годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за следната година, и додаде дека како министерка останала доследна на законската обврска и на сопственото уверување дека членовите на стручните комисии мора да бидат докажани професионалци во својата област.

Стефоска потсети дека, со голема внимателност и неопходна стручност, започнаа конзерваторско-реставраторските интервенции на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, како и дека е обезбеден рекорден буџет за заштита на културното наследство за следната година, а е отворена и нова буџетска програма за културно наследство во опасност. Таа најави дека во планот за работа на штотуку формираниот Национален совет за заштита на културното наследство, е разгледување на елаборатот за прогласување на скопскиот Аквадукт за културно наследство од исклучително значење.

Стефоска информираше дека е поднесена иницијатива до Управата за заштита на културно наследство за да се преиспита статусот на „Порта Македонија“ како културно наследство.

Таа информираше и дека следната година, заедно со УНЕСКО, ќе ја чествуваме стогодишнината од раѓањето на академикот, лингвист и поет Блаже Конески.

Во изминатиов период, на иницијатива од Министерството, културата стана дел од официјалната агенда на Европската Унија за Западен Балкан.

Од активностите што се во агендата на Министерството, Стефоска ги посочи: Законот за остварување на јавниот интерес во културата кој е во Собрание, подготовката на Закон за културно наследство, како и работата над измените и дополнувањата на Законот за авторското право.

На новинарски прашања, министерката Стефоска одговори дека се одделени буџетски средства за санација, поточно за изградба на оштетеното училиште во Љубојно, како и тоа дека Споменикот на Преспанското советување од НОБ во Отешево ќе биде саниран до напролет. За приоритетите во заштитата, таа одговори дека има голем број културни добра од недвижното наследство на кои ќе се посвети внимание, како што е и Чарши џамијата од 15 век во Прилеп, а од нематеријалното, недвижно наследство, Стефоска ги спомна старите словенски ракописи кои се делумно конзервирани, а се наоѓаат во Заводот и музеј – Охрид. Министерката Стефоска одговори и на прашањата за Албанскиот театар во Скопје, истакнувајќи дека по долги години објектот доби технички прием и се планира наскоро да биде отворен за публиката.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ