• Latest

Стерјовски: Од Владата очекуваме повеќе инвестиции за натамошен развој на областите населени со Македонци

May 4, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Стерјовски: Од Владата очекуваме повеќе инвестиции за натамошен развој на областите населени со Македонци

May 4, 2021 14:40
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, во обраќањето на денешната пленарна седница се задржа на парламентарните избори одржани на 25 април, на кои, како што рече, албанските граѓани дадоа доверба за трет мандат на Социјалистичката партија и премиерот Еди Рама.

Стерјовски истакна дека е природно што од старо-новата Влада очекуваат остварување на стремежот на албанските граѓани, а тоа е членството на земјата во ЕУ.

-Исто така очекуваме повеќе инвестиции за понатамошен развој на областите оставени на заборавот, како што се областа Преспа, Вербник, Голо Брде и Гора. Исто така, изразуваме подготвеност припадниците на македонското малцинство и другите малцинства да придонесат владините институции да дадат нов импулс за имплементација на нивните слободи и права, како и практична примена на законот за заштита на малцинствата, нагласи пратеникот.

Стерјовски искажа подготвеност и ветувања и како лидер на единствената македонска партија во оваа земја.

-Како лидер на партијата, Македонска алијанса за европска интеграција, изразувам подготвеност и ветувам дека ќе придонесеме повеќе од кога било во интеграцијата на македонската заедница, зголемувањето на економското ниво на оваа заедница, вложувањата во области каде што живее и дека ќе бидеме суштински фактор во етничкиот соживот, за развиена и европска Албанија, посочи Стерјовски во денешното обраќање во Парламентот.

Од собраниската говорница тој се заблагодари на сите граѓани од регионот Корча кои го поддржаа и гласаа за него на овие парламентарни избори.

-Благодарност и до сите албански граѓани од македонска националност кои живеат и работат во Македонија и Грција, кои изразија желба на 25 април да дојдат и да гласаат за нашата кауза, но, за жал, им беше ускратено ова основно право поради одлуката на Комитетот на експерти со воведување двонеделен карантин за сите лица кои ќе влезат во Албанија од овие две држави, рече Стерјовски.

На последните парламентарни избори Стерјовски беше на кандидатската листа на Социјалистичката партија за округот (ИЕ) Корча, но не успеа да обезбеди пратеничко место.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ