• Latest

Стевановиќ: За секој пациент се води максимална грижа, да не се земаат лекови на своја рака

April 1, 2020

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стевановиќ: За секој пациент се води максимална грижа, да не се земаат лекови на своја рака

April 1, 2020 21:14
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Многу малку знаеме за КОВИД-19, инфекцијата и болеста се сериозно непредвилдиви – само тоа е сигурно. Сепак, досегашното искуство покажа дека 80 отсто од пациентите развиваат многу благи симптоми или воопшто не ги забелужуваат. Стравот кај граѓаните треба да биде присутен, но, не смееме да дозволиме да биде паничен, рече директорката на Инфективната kлинина, д-р Милена Стевановиќ во вечерашната „Топ тема“.

Според неа, се уште неодговорени прашања се и дали излечените пациенти повторно можат да заболат од коронавурус, кои лекови се најдобри, зошто е вака кај едни, а онака кај други луѓе. Препораката е, оние што се испишани од болница по два последователно негативни тестови, уште 14 дена да останат во домашна изолација.

Стевановиќ уверува дека ниту еден пациент во земјава не е оставен без максимална нега и грижа. Се прават максимални напори за да се спаси сечиј живот. Какви ќе бидат статистиките, не се знае. Пандемијата прво треба да заврши и сега приоритет е лекувањето.

„За жал, се зголемува бројот на пациенти кои развиваат тешки клинички слики. Пет се на механичка вентилација, а повеќе од нив имаат тешки пневмонии и се на кислородна поддршка. Сепак, има и пациенти кои се во фаза на излекување. Но, ова не е вистинската слика за КОВИД-19 зашто на Инфективната клиника се хоспитализираат најтешките случаи“, напомена директорката.

 

Има, додаде, и инфицирани деца, но тие не се болни, немаат развиено никакви симптоми поради што и нема потреба од нивно хоспитализирање.

„Многу прецизно е договорен тимот на педијатри кои ќе работат со инфектолозите ако е тоа потребно“, потенцира Стевановиќ.

Осврнувајќи се на клиничката слика, докторката повтори дека симтомите на КОВИД-19 се мала темепратура, гребење грло, кашлање,… Но, ситуацијата може и нагло да се влоши што е индивидуално. Во секој случај, подвлече, лекови на своја рака не смее да се земаат.

„Аплеирам пациентите да ги побараат матичните лекари. Тие може да им помогнат во осознавањето и следењето на симптомите и воедно се врската за евентуално повикување Брза помош ако ситуацијата е алармантна. Оние пациенти кои се со повисок ризик, се трудиме да ги хоспитализираме и да имаат поблаги симптоми, само за да не дојде до влошување“, нагласи Стевановиќ.

Според неа, најдобро е и пациентите кои се сомневаат на корона вирус, да кажат кои хронични болести ги имаат зашто терапијата е различна зависно од севкупната здравствена состојба на лицето.

„Има достапни лекови од оние што се препорачуваат против КОВИД (за ХИВ, за маларија), но кој од нив и во која комбинација ќе се даде, многу зависи од пациентот. Мора да се внимава многу со давањето лекови. Сепак, лек ќе биде даден на секој што ќе се процени дека треба“, рече Стевановиќ.

Микробиологот Голубинка Бошевска од Институтот за јавно здравје која учествува во „Топ тема“ преку скајп, истакна дека од стаидумот на болеста зависи типот на примерокот што се зема за лабораториска анализа. Притоа, за добивање точен резултат, се многу битни чувањето,транспортот и обработката на примероците.

Од вкупно заболените 354 лица од корона вирус во земјава, 59 се хоспитализирани на Инфективната клиника.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ