• Latest

Сто дена руска агресија врз Украина, Зеленски порача: Победата ќе биде наша, ЦИВИЛ со најостра осуда за бруталната руска агресија и геноцид

June 3, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Сто дена руска агресија врз Украина, Зеленски порача: Победата ќе биде наша, ЦИВИЛ со најостра осуда за бруталната руска агресија и геноцид

June 3, 2022 16:13
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

100 дена руска агресија врз Украина

На 24 февруари наутро,  руската армија презеде голема офанзива и за помалку од 24 часа руските тенкови пристигна до предградијата на Киев. Целта на Русија беше заземање на Кијив, при што би се создале услови за соборување на демократски избраната власт и поставување на про -руска влада, по примерот на окупираните градови во јужниот дел на Украина.

Анкетите и анализите претходно покажуваа дека најмалку 10 проценти од населението на Украина е подготвено да се бори, од 20 до 30 отсто се проруски ориентирани. Ситуацијата на теренот ги потврди бројките. Руските сили во јужна Украина, продирајќи од Крим, наидоа на организиран отпор.

*

Украинската амбасада во Република Северна Македонија, на својот Фејсбук профил објави дека денеска се навршуваат 100 дена од крвава и луда руска воена агресија против Украина и украинскиот народ, и дека целиот свет ја поддржува Украина во борбата со агресорот.100 дена Украина храбро и херојски се бори со руската дива орда!

*

На стоте дена војна во Украина , Би-Би-Си објави кратко видео за тоа како руските прорежимски телевизии известуваат за војната во Украина.

На почетокот од инвазијата врз Украина, што почна на 24 февруари, руската јавност беше известена дека не се води војна туку се спроведува специјална операција.

Руските сили соочени со отпорот на украинската армија, неосвојувањето на Украина и пренасочување на офанзивата кон Донбас, руските телевизии се обидоа на креативен начин да објаснат зошто Русија брзо не ја освои Украина: дека на Русите им е жал за Украинците, како и дека голем број во  Украина се држат како заложници.

*

Вооружените сили на Украина ослободија 1.017 населби од руските освојувачи во текот на 100 дена сеопфатна војна, изјави заменик-шефот на Кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко на брифингот во петокот, јави дописникот на Укринформ.

„Во ова време, вооружените сили на Украина ослободија 1.017 населби од напаѓачите, од кои 370 се веќе деминирани, додека во други работи Државната служба за вонредни состојби“, рече Тимошенко.

*

„Првично тоа беше денацификација и демилитаризација, односно експресно заземање на главниот град и големи градови во Украина на начин како што тоа им успеало во 2014 со Крим. Но кога така наречениот блиц-криг не успеал, агресорот морал да ги смени декларираните цели. Тука спаѓа намалување на влијанието на НАТО и наводно пронајдените биолошки лаборатории и ослободување на украинските територии од нацисти. Но ниту една од изнесените цели не може да оправда безумна агресја насочена кон украинскиот народ, освен таа што не сакаат јавно да ја изнесат, но е вистинита – сакаат Украина да не постои, како и нејзиниот народ, јазик и култура, изјави Тамила Велковска од Лесја Украинка за Фронтлајн.

 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Зеленски: Сто дена ја браниме Украина, победата ќе биде наша

Вооружените сили на Украина, владата и народот сто дена ја бранат украинската држава од руските напаѓачи и ќе победат, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски  во видео објавено на Фејсбук.

„Лидерот на фракцијата е тука, шефот на Кабинетот на претседателот е тука, украинскиот премиер Шмихал е тука, Подолијак е тука, претседателот е тука. Нашиот тим е многу поголем. Вооружените сили на Украина се тука. Најмногу важно е нашиот народ, народот на нашата држава да е тука. Сто дена ја браниме Украина. Победата ќе биде наша“, рече Зеленски.

 

ЦИВИЛ: Сто дена руска брутална руска агресија и геноцид врз Украина

 Херојската борба за слобода на Украина е борба за слобода на целиот свет!

Денеска се навршуваат сто дена од руската агресија врз Украина, која започна на 24 февруари. Сто дена ужас, деструкција и смрт. Геноцид.

ЦИВИЛ – Центар за слобода со згрозување ја осудува воената агресија и масакрите врз цивилите во Украина кои започнаа со тоталната инвазија на 24 февруари. Целосно неиспровоцирана, агресијата врз една независна, суверена, мирољубива и демократска земја продолжува. Воените неуспеси на теренот, путиновската солдатеска секојдневно го напаѓа цивилното население, посегнува по животите на невини луѓе, по животите на децата, спроведува тортура, стрелање и силување насекаде каде што успева да стапне.

Со воената агресија против Украина се згрозува стабилноста, развојот, безбедноста и мирот во целиот свет.

ЦИВИЛ е првата македонска организација и меѓу првите во светот што ја осуди руската воена агресија врз Украина, и во неколку наврати повика на акција.

И денес, на стотиот ден од руската агресија врз Украина, ЦИВИЛ повикува на акција.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ШТРАЈК Највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија денеска донесоа одлука за генерален штрајк што треба да се одржи на 22 јуни, доколку дотогаш не бидат исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година.

ДИЈАЛОГ Во Вашингтон продолжува Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД во кој досега се одржаа неколку сесии на кои беа отворени теми од интерес за соработка меѓу двете земји.

ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА Вчера во Вашингтон се одржа првиот состанок од процесот за Стратешки дијалог меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија, и по тој повод Владите на двете земји објавија заедничка изјава во која се истакнува дека дијалогот е фокусиран на продлабочување на билатералното партнерство.

УСТАВЕН Во Комисијата за прашања на изборите и именувањата и денеска продолжи расправата за предлозите за уставни судии. Пратениците расправаат за кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Комисијата вчера го утврди предлогот Фатмир Скендер, граѓански судија во Апелациониот суд во Скопје да биде избран за уставен судија.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Целиот свет сега се соочува со само едно прашање – како да се заштитиме од лудиот путински режим? Украина го покренува ова прашање во последните 8 години, од окупацијата на Крим и одделни области на Донецката и Луганската област. Украина се обиде да не дојде до ова, но сега имаме само една цел – да победиме.

За да го направиме тоа, нам сè уште ни треба поддршка од сојузниците и пријателите, ни треба оружје со кое што ќе ја заштитуваме не само нашата земја, туку и целиот свет од тиранската руска политика.“, пишува украинската Амбасадорка, Н.Е. Наталија Задорожњук во колумната „100 дена од херојскиот отпор на Украина“.

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ