• Latest

Стојановски: Иднината на државата лежи во економијата, а не во национализмот

October 23, 2020
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Стојановски: Иднината на државата лежи во економијата, а не во национализмот

October 23, 2020 15:35
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, одговорајќи на прашањата на ЦИВИЛ Медиа, истакна дека невладиниот сектор може многу да помогне во едукација за европските вредности, а тоа е нешто што недостига во руралните општини.

 

ЦИВИЛ: Која е Вашата оценка за политичките состојби и процеси по предвремените парламентарни избори кои се одржаа во јули?

Стојановски: Мора да бидам искрен и реален дека на овие парламентарни избори некои структури повторно се обидоа да го вратат тоа националното. Мислам дека тоа е погрешно и политичките структури групи на повисоко ниво треба да поведат ред затоа што ширењето и враќањето на национализмот, знаеме дека сите дека е многу лесно да се добијат избори и да се манипулира со граѓаните со националните чувства, било да се тоа Македонци или Албанци и други нациналности, затоа што иднината е во економијата. Апел до сите политички субјекти е кога ќе излезат на огворница да се борат за економија и кој што ќе направи во наредните четири години, да се борат за социјлана правда, да се борат за ред и поредок во оваа држава. Сето друго кое што го промовираа на овие избори мене не ми се допадна, но за среќа не успеа и мислам дека граѓаните препознаа дека заврши времето на големи патриоти и големи националисти. Граѓаните се и тоа како свесни дека напредокот на оваа држава и напредувањето и влегувањето во ЕУ е токму концептот на соживот и на мултиетничност и се друго е погубно.

ЦИВИЛ: До локалните избори има околу една година. Кои се Вашите прогнози?

Стојановски: Јас нашата општина ја затекнав блокирана уништена, со еден збор задолжена. Општина што во првите моменти, тоа емотивно ќе го споделам ми доаѓаше да си заминам од тука. Но, подршката што ја имавме од Владата посебно во патната инфраструктура. Поддршката во делот на проекти што се реализираа во изминатите три години ме прават посебно горд затоа што некои делови од програмата што ги имав како градоначалник ги надминавме. Но има и делови кои уште не се реализирани, за жал, или се реализираат и тоа оди бавно. Бавното реализирање на активностите е проблем со кој се соочуваат сите градоначалници е недостиг на фирми или работен кадар што може да изведува проекти. Втората работа со која сите се соочуваме е што немавме проекти. Денеска неможете да реализирате или да аплицирате проект ако претходно немате да проектна документација. И тоа беше изразит проблем во руралните општини. Мислам дека на некој начин успешно се сравивме со овој проблем.

Општина Чашка е на вистинскиот пат во нарендиот период да стане модерна и урбана општина која што претходно беше крајно запоставена. Неодзволиво е општина која е централна во државата да биде така запоставена. На пример, Чашка има 123 километри регионални патишта ние минатата и оваа година асфалтиравме патишта кои последен пат биле асфалтирани во далечната 1982 година. И сè уште имаме населени места каде шт граѓаните немаат елементрани услови за живот – вода и фекална канализација. Остана уште еден добар дел кој што треба во наредниот период да се направи. За да биде општината таква каква што ја затекнав тоа значи дека тоа е наследено со години наназад. Ако секој градоначалник се грижел за граѓаните, јас велам барем 50% од тоа што го ветил на граѓаните пред изборите, нашата општина денеска ќе беше многу многу поразвиена.

Преку 50% од населените места во општина Чашка немаа водни системи, ниту фекални канализации. Имаме повеќе од 4/5 места кои немаат ниту пристапни патишта до самите населени места. Со еден збор ситуацијата беше алармантна, но сè уште, jјас како градоначалник, искрено како граѓанин не сум среќен или задоволен затоа што секогаш се може повеќе.

Јас сум горд што нашите граѓани не се бараат многу, многу се скромни граѓаните, бараат елементарни услови, вода, пат и канализација.Тоа е едно добро што секоја држава пред 20/30 години го има веќе завршено. а ние допрва некои од тие процеси сме ги завршиле, некои се реализираат, а еден дел има процеси кои во наредните четири години треба да се завршат.

Со еден збор ако се работи домаќински, чесно и посветено успехот е неизбежен. Да не се вадиме дека нема пари и средства. Има и пари и средства. Јас се надевам дека од наредната година Македонија ќе го започне процесот на предпристапните фондови. Битен момент ќе биде градоначалниците да ги искористат тие фондови за да направат нешто повеќе за граѓаните во своите општини , како што јас се трудам за мојата општина. И нема цена кога ќе видите насмевка или задоволство кај граѓаните.

ЦИВИЛ: Дали повторно би се кандидирале за градоначалник за да ја продолжите оваа приказна?

Стојановски: Во моментот не размислувам затоа што на крајот од денот, пред завршетокот на мандатот граѓаните сами ќе си кажат дали треба или не треба да се кандидирам. Ако ние уште сега велиме, да јас ќе се кандидирам, ќе одам на избори, а немаме поддршка од граѓаните е погубно. Сепак, на крјаотн а днеот граѓаните кажуваат, даваат сигнали и тоа се чувстува. Сега за сега не размислувам, тоа е најмалку важно. Најбитно м ие да го завршам мандатот успешно и тоа што е направено во овие три години и што ќе се напраив следната ќе остане ов историјата.

ЦИВИЛ: Како локалната самоуправа вовашата општина се подготвува за интеграција во ЕУ? Колку и на кој начин се почитуваат европските вредности?

Стојановски: Многу тешко прашање.  За дел од градоначалниците од руралните општини ова е најтешкото прашање како се подготвуваме за влез во ЕУ. Јас во повеќе наврати алудирав до државната власт дека треба да донесе детални урбанистички планови за сите населени места. Општина Чашка има 41 населено место, а за жал нема детален урбанистички план. Дури наредната година ќе се почне во две три населени места со детален урбанистички план. Што значи тоа? Тоа значи дека општина што нема детален урбанистички план предпристапните фондови од ЕУ може само да ги сонува. Ова е сериозен проблем и мислам дека посебно во руралните општини и тоа како треба да ни помогне државата. Треба да пристапиме кон целосна да ја ставиме на карта или дигитализираме. Таков успешен пример е Словенија која за две години успеа да пристапи до предпристапните ЕУ фондови со лекс специјалис закон да ја стави државата на карта, да ја дигитализираат, односно да донесат детални урбанистички планови. Тоа не беше случај со другите земји од регионот и тие фондови останаа неискористени,

Апелирам и алудирам до надлежните министерства и до Владата и сум апелирал јавно дека мора да ни помогнат овој процес го завршиме. Тоа е една од основите по која што ние како рурални општини можеме да направиме многу повеќе…

За нашата општина да се дигитализира ќе бидат потребни над 2 милиони евра. Ако буџетот на општината е 800.000 евра, нас ќе ни треба добри 3 години, без никој ништо да не работи за да направиме детални урбанистички планови што се основ за користење на предпристапните европски фондови.

Многу битен момент е граѓаните да не се делат по етничка или партиска основа и ние како општина се трудиме тоа да го покажеме кај граѓаните. Мислам дека тие веќе го препознаа тоа дека за нас сите граѓани се исти. Кја нас приемен ден со граданочалникот е четврток и верувајте дека над 50 луѓе доаѓаат на тие средби секој си има мака и има што да си каже.  Никогаш не сме ги деле граѓаните партиски, верски или по социјален статус.

Многу битен момент е кај градоначалниците, зависи кој како ќе си ја сфати работата дека треба да биде повеќе присутен меѓу граѓаните, односно да не чувстуваат како свои.

За жал, невладините организации, а не е тоа проблем само кај нас, туку во многу рурални општини ги нема. Тука мислам дека треба многу да се поработи бидејќи тие можат многу да придонесат за европските вредности. Тука ни е хендикеп како општина за изработка на проекти и реализација на активности што би се спроведувале меѓу граѓаните.

Пак, ќе речам дека дел од активнсотите повразни со европски вредности може да ги имплементира општината, но поголем дел, во едукацијата може да се спроведе преку невладиниот сектор. За жал, голем дел од руралните општини тоа го немаат.

Биљана Јордановска

камера: Атанас Петровски

Share41Tweet26Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ