• Latest

Стојановски: Оружјето е составен дел или белег на криминалните групи коишто практикуваат насилство

December 31, 2021

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Стојановски: Оружјето е составен дел или белег на криминалните групи коишто практикуваат насилство

December 31, 2021 10:51
in ВЕСТИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Проф. д-р Трпе Стојановски во разговор со ЦИВИЛ говори за поврзаноста на нелегалното оружје со криминалните групи во земјава и регионот. Разговорот со Стојановски е дел од активностите на проектот на ЦИВИЛ „Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето во Република Северна Македонија“ со поддршка од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал и Резилиенс фонд.

 „Поради своите карактеристики, оружјето е составен дел на криминалните групи, коишто практикуваат насилство во нивното однесување, и за да бидат пробојни, користат оружје. Тоа треба да се  подразбере како оружје во поширока смисла. Ние сега целиме кон малото и лесно оружје, меѓутоа постојат и други облици на оружје, што зависи од криминалната група, од нејзината обученост и од целите коишто сака да ги постигне. Така што оружјето се составен дел или белег на криминалните групи коишто практикуваат насилство, меѓутоа оружјето е исто така составен дел и на сите терористички групи коишто практикуваат остварување на нивните платформи и нивните цели.“, вели Стојановски.

ЦИВИЛ МЕДИА: На кој начин организираните криминални групи се поврзани со екстремистичките групи?

Стојановски: Не мора секоја организирана криминална група да е поврзана со екстремистичка група, напротив. Мал е бројот на криминални групи кои се поврзани со екстремистички групи, помал број отколку што реално постојат организирани криминални групи. Така што, тоа е исто прашање на нивниот субјективитет. Што прават, кои се нивните цели, што сакаат да остварат, итн.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како стигаат до тоа оружје криминалните групи?

Стојановски: Оружјето има своја историска традиција, од таа причина, е препознаено да се користи и за криминални цели. До оружје се стигнува во секое општество. Прашањето е дали треба поголеми или помали напори да се стигне до оружје, мислам на нелегално оружје. И во таа смисла, која е цената што треба да се плати за да се стигне до оружјето. За жал, ние географски припаѓаме на регион што има вишок на оружје, поради конфликтите што се случуваа на крајот на дваесеттиот век, меѓутоа, традицијата со нелегално поседување на оружје, на овие простори е подолга, заради војните кои се случувал, Првата светска војна, останатите регионални војни и дејствија, Втората светска војна итн. Гледаме и денес дека и во многу уредени општества се наидува на експлозиви коишто останале од втората светска војна. Тоа само говори за порозноста на државите денес, дека имаат последици поврзани со оружјето и воените дејствија. Балканот е посебно интересен, и во таа смисла  заслужува посебно да биде истражуван, бидејќи со распадот на тогашна Југославија, којшто беше крвав, од магацините излегоа многу парчиња оружје коишто за жал завршија во криминалните групи. Згора на тоа ќе го додадеме и примерот со Албанија, каде што во деведесет и седма година, во еден критичен период, од воените магацини беа излезени надвор повеќе стотици илјади парчиња кои завршија во неовластени раце, еден дел, и кај криминалните групи. Оружјето има долга традиција, во наредните сто години сигурно нема да се истроши или да исчезне.

Имајќи во предвид дека во неовластени раце, тоа е многу поголема опасност за средината и имајќи во предвид дека кај нас, особено кај одредени етнички ентитети, постои некаква култура за почесто мавтање со оружје, тоа се состојби кои за жал, упатуваат на тоа дека проблемите со оружјето ќе ги имаме пред себе во годините пред нас.

ЦИВИЛ МЕДИА: Спомнавте за Првата светска војна, конфликтите во Балканот, но ние имавме и конфликт во Македонија, во 2001 година. Дали сметате дека сето оружје од тој конфликт е предадено во надлежните органи, или се уште постојат во некои криминални структури?

Стојановски: Не постои пример дека оружјето е предадено од, условно кажано, од неовластени раце, во рацете на државата. Така што, примерот од 2001 година, којшто се случуваше со посредство на меѓународните сили, и кои имаат своја позитивна димензија, всушност покажа дека се собрани неколку илјади парчиња оружје, што повеќе личеше на заостанато трофејно оружје, отколку на актуелно. Така што тука не треба многу да се мудрува и да се каже дека само со симболичен обем на оружје беше собрано.

ЦИВИЛ МЕДИА: Ви благодариме за вашите одлични одговори кои сметам дека ќе ни бидат од корист и нас, и на институциите, да се позанимаваат со нелегалното оружје, односно, да ги најдат каналите на криминалните групи коишто се занимаваат со нелегално оружје. Доколку сметате дека имате уште нешто битно да ни кажете, повелете.

Стојановски: Ова е тема која заслужува да се истражува од многу аспекти. Ова беше само симболично разговарање од некои осум  минути со вас, коешто допре само до неколку актуелни аспекти. Феноменот на малото и лесно оружје, е со широк аспект на прашања за коишто треба да се истражува и да се дојде до одговор. Така што претпоставувам ќе консултирате истражувања и анализи на домашни институции, и уште повеќе на меѓународни институции, центарот којшто го следи оружјето во регионот, тоа е Сисак центарот во Белград, дека ќе користите и други анализи, и ќе дојдете до подлабоки информации и сознанија за обемот, количината, предизвиците и опасностите од лесното оружје. Тука особено сакам да реферирам на Протоколот од Палермо, третиот протокол којшто се однесува за малото и лесно оружје, и за муницијата што се користи, кој протокол всушност и најтешко беше донесен, во споредба со другите два протоколи, едниот за трговија со луѓе, и вториот за криумчарење мигранти, што само говори дека и во денешни рамки, и оние држави што преферираат безбедност, демократија, всушност токму тие држави се најголеми производители на оружје, и најголем приход во нивните буџети доаѓа од продажбата на оружје. Секако по легални канали, меѓутоа, малку фали оружјето да премине од легална да премине до нерегуларната патека, така што ова е феномен  којшто  заслужува да биде темелно истражуван, и секако да се придонесе за повеќе сознанија во општеството, во однос на проблемите со малото и лесно оружје.

Разговорот го водеше Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ