Драгана Стојчевска на панелот на ЦИВИЛ „Родовата еднаквост во Северна Македонија: Меѓу декларациите и реалноста“, по повод Денот на човековите права.
„Две години работам на проект и истражувам злоупотреба и вознемирување на жени на факултет и на работните места. Откривме дека група на студентки беа уценувани од своите професори за да добијат оценка, но од страв не го кажуваат тоа. Собравме над 500 искуства на жени кои беа вознемирени на нивното работно место и најголемиот дел од жените имаат страв јавно да зборуваат бидејќи се плашат од своите претпоставени, не само од мажите туку и од жените кои им се претпоставени. Направивме јавен перформанс и поголемиот дел од жените не сакаа да зборуваат или ако се одлучат да зборуваат тогаш избираа зборови. Институциите треба да работат и да ги заштитат жените жртви. Внимававме при истражувањето да бидат заштитени жените кои јавно зборуваа или ни пишуваа, дури на дијалектот внимававме да не се препознае некоја жена жртва“, истакна Драгана Гунин.
Дијана Тахири
обработка на текстот: Дехран Муратов
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Горан Наумовски