„Младите луѓе се запознаени со европските вредности, веруваат во тие вредности и ги применуваат во нивното секојдневно живеење. Има мал број на млади кои не знаат дека ги носат и применуваат токму европските вредности. Националниот младински совет е составено од млади луѓе кои веруваат во европските вредности, и создавањето на НМСМ е токму заснована на демократијата и солидарноста“, истакна Андреј Стојкоски од Национален младински совет на панелот на ЦИВИЛ: „Младите и европските вредности“.
„Покрај семејството, образовниот систем има голема улога за тоа како ги гледаме работите. Образовниот систем не е доволно адаптиран за промоција на европските вредности. Пред три години завршив средно образование и јас немав прилика во училиште да се сретнам со тоа што се европски вредности. За европските вредности дознав преку неформалното образование, односно кога почнав да волонтирам.
Голем дел од младите не си ги знаат ниту основните права. Треба младите уште во основно образование да почнат да учат за своите права за европските вредности, бидејќи само така ќе може да се борат за своите права за своите интереси. Треба да ја развиеме кај младите желбата за промени. Да ги научиме дека промената почнува од нив и дека треба да бидат гласни и да не чекаат промените да се случат туку така.
Европската иднина сме токму ние младите, а не некој друг. Ако ние ги имплементираме европските вредности тогаш ја имаме европската иднина. Клучот за европската иднина се младите“, потенцира Стојкоски.
Дехран Муратов
Камера: Атанас Петровски
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Игор Чадиноски