• Latest

Стојковски: Направивме контрола на загадувањето во Скопје на скоро сите субјекти од големата индустрија, нема отстапки во однос на зададените парамтри

December 30, 2021

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Стојковски: Направивме контрола на загадувањето во Скопје на скоро сите субјекти од големата индустрија, нема отстапки во однос на зададените парамтри

December 30, 2021 13:03
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За загадувањето на воздухот направивме контрола во Скопје на скоро сите субјекти од големата индустрија како што се Макстил, Цементарница, Дрисла итн. Скоро секаде има направено мерења согласно А-интегрираните еколошки дозволи. Инаку, секоја година во планот за надзори ни се предвидени овие компании, обично во декември и јануари. Немаше отстапувања во однос на зададените параметри во интегрираните еколошки дозволи. Дел од нив имаат и сопствен 24-часовен мониторинг  како што се Цементарница, Дрисла и Макстил, информираше денеска в.д. директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски.

Тој на прес-конференцијата се осврна и на Предлог-законот за инспекциски надзор во животната средина, што сега влегува во завршна собраниска процедура после цели пет години.

Имено, во предлог-законот ново е воведувањето на повеќегодишно планирање на инспекцискиот надзор во животната средина, со што ќе се обезбеди инспекциски надзор на целата територија на Република Северна Македонија, односно на централно и локално ниво, преку донесување на Национална стратегија и Програма за инспекциски надзор во животната средина.

Законот е во насока на надминување на сегашните предизвици со човечките ресурси, соодветно планирање и соработка со инспекцискиот надзор на централно и локално ниво во согласност со политиките за животна средина, а воведено е и планирање засновано на критериуми за процена на ризикот кој го имаат субјектите на надзорот врз животната средина.

– Согласно годишниот план за вработување на ДИЖС за 2022 година со Министерството за финансии се планирани шест нови вработувања и тоа три помлади инспектори за води природа како и три административни работници. Во завршна фаза се и двата огласи за прием на советници инспектори за животна средина во Куманово и во Велес. Согласно систематизацијата имаме предвидено 41 инспектор, пополнетоста во моментот е околу 48 отсто, значи околу 20 инспектори. Потребни се нови инспектори, но бидејќи оваа година имаме обезбедено средства само за толку вработувања – за тројца инспектори, ние побаравме да се вработат тие за да можат, бидејќи постоечките инспектори веќе се во зрели години и пред заминување од оваа институција – пензионирање за да има време да ги обучат барем тие двајца млади па потоа за наредната година 2023 да планираме дополнителни инспектори и по животна средина. Некаде за две до три, а можеби и четири години, наведе Стојковски.

Тој информираше дека во наредната 2022 година ДИЖС ќе биде дел од платформата е-инспектор која веќе од 1 јануари почнува да се спроведува во три инспекторати, Трудовиот, Пазарниот и Управниот, а сите останати како и ДИЖС ќе почнат во вториот дел од наредната година со воведување на дигитализација на инспекциските постапки.

– Со цел зголемување на транспарентноста остварени се повеќе состаноци со граѓански здруженија, како „НАТУРА“, „Еко – свест“, со кои што реализиравме и тренинг за инспекторите, со македонското здружение на млади правници, како и Институтот за комуникациски студии, рече Стојковски.

Директорот на ДИЖС наведе дека во тек е изработка на интерактивна мапа која ќе содржи податоци за правните субјекти за кои Министерството за животна средина и просторно планирање и општините имаат издадено дозволи и елаборати, а ќе содржи и извештаи за спроведени инспекциски надзори.

– Во насока на транспарентноста е и опцијата која стои на располагање преку веб страната на ДИЖС односно преку фејбук страната – опција месенџер каде во втората половина на оваа година се остварени и реализирани 135 нотификации од граѓани, сите се упатени во врска со надлежноста и начинот на постапување, односно само една четвртина од овие барања се однесуваат на предмети и субјекти во надлежност на ДИЖС, истакна Стојковски.

Тој посочи дека месецов е реализиран планот и се остварени 155 надзори,  како и дополнително 26 надзори согласно заклучоците на Владата во однос на надминување на прагот за алармирање и вршење вонредни надзори. Во Скопје се направени 14, Куманово пет, Струмица три, Тетово четири надзори на А-интегрирани дозволи и инсталации за горење на отпад.

Стојковски наведе дека во тек е изработка на вториот шестмесечен извештај за работата на ДИЖС во 2021 година, а до 15 јануари ќе се достави на мислење до Инспекцискиот совет.

Информираше и дека при еден од 155 надзори е утврден еколошки инцидент во рудникот Булмак – Пробиштип каде што имало истекување на јаловина. – Истиот субјект е задолжен да направи санирање на местото каде што го направил еколошкиот инцидент и е покрената постапка согласно Законот за животна средина за прекршоци од трета категорија каде што предвидена е казна од 100 илјади евра. Постапката продолжува да се води во МЖСПП, посочи директорот на ДИЖС. /МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ