• Latest

Стојковски: За некоја активност да се смета за вооружен напад, треба да се постигне одреден интензитет

June 16, 2021

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Стојковски: За некоја активност да се смета за вооружен напад, треба да се постигне одреден интензитет

June 16, 2021 15:51
in ВЕСТИ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Има различни дефиниции за хибридни закани и хибридни напади, но тие вклучуваат не само дезинформации туку многу повеќе. Вклучуваат и пропаганда, шпионажа, саботажа и класични напади, можеби не вооружени напади со употреба на сила како на времето што било класична војна, но некакви форми на закани на агресија, класични да речеме, затоа е и терминот хибридна војна што имплицира дека се е измешано помеѓу класични дистинкции помеѓу војна и мир, меѓу цивили и не цивили, војници поранешно, структурите кои се инволвирани во превенирање и реагирање на овие закани, порано што безбедносните сили, војска и армија па денес гледаме се повеќе потреба од инволвираност на цивилни структури и  институции да соработуваат со класични безбедносни за да реагираат на овие хибридни војни,  истакна доцентот при катедрата за меѓународно јавно право, д-р Љупчо Стојковски на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“

Тоа што јас сакав повеќе да се фокусирам во мојот говор е не толку колку што првите двајца говорници зборуваа за хибридни закани од пониски перспективи, што треба институциите да направат туку да му пристапам на проблемот од меѓународно право и правен аспект да видиме колку се проблематични хибридните закани и војни од оваа перспектива.

И од оваа перспектива, иста како полиси перспектива, се прилично проблематични, затоа што самата дефиниција што треба државите да прават правно кога се нападнати не кореспондира со класичното меѓународно право што било зацртано со повелбата на ОН од 1945 па до денес што важи.

Класично меѓународно право кога државите се нападнати под некој вооружен напад им се активира право на самоодбрана, како да се заштитат, имаат право на самоодбрана. Низ јуриспруденција на меѓународен суд на правда, се дефинира дека за вооружен, да се смета некоја активност за  напад, треба да достигне одредено ниво на одреден интензитет. Ако употребата на сила е под тој интензитет, не може да се активира правото на самоодбрана, може државите да преземат други мерки.

Проблемот со хибридни закани, хибридни напади, истиве дискусии се јавија пред десеттина години или повеќе, кога беа актуелни сајбер напади, денес со хибридни инкорпорирате сајбер напади ама се многу повеќе не само сајбер напади. Дискусиите се јавија дали сајбер напади и хибридни напади можат да активираат право на самоодбрана. Секако дека не можат да активираат и тоа е главната одлика на хибридни закани што одат под радарот, тие се по субверзивни во нивните функционирања и методи и штетата што ја прават за да може да се активира класично право на самоодбрана на државите. Сега државите остануваат со врзани раце како правно да дејствуваат, дозволено.

Ќе зборуваме после што е проблемот, ќе ги зборувам проблемите потенцијални, правни на хибридни закани предизвикани од државни актери, како што рековме една од карактеристиките на хибридни напади се тоа што некогаш и не државни актери се инволвирани, што е уште по проблематично, кој стои позади нападот е уште по проблематично. Државите имаат различна правна палета како можат да реагираат. Еве гледаме на пример гледаме САД  за мешањето на Русија во последните избори и наметна санкции, пример економски санкции се не правно дозволен метод. Друг метод се реторзиите, реторзивни мерки да протераат дипломат се исто правно не дозволиви мерки. Но гледате дека сите овие се реактивни мерки и не вклучуваат употреба на сила, не може исто да се врати затоа што природата на хибридната закана е недефинирана. Многу е тешко да се одговори адекватно на таква закана.

Уште по проблематично е како што рековме да се одговори на не државни акти. Вие немате тука дипломати, на кого ќе наметнете санкции, ако се терористички организации или мешани некои терористички организации, какви и да има денес субјекти не државни кои се инволвирани во хибридни закани. Значи уште по проблематичен одговорот од правна перспектива дали е легален, а тек не ги зборам спорни против правни одговори како на пример репресалии, каде што има некаква употреба на сила, што е сива зона во меѓународното право дали е дозволено или не.

И конечно сакам да завршам, гледате фокусот на овие одговори се реактивни, а фокусот на првите двајца говорници е дека зборуваа за некакви превентивни стратегии. Тоа е исто еден голем проблем на хибридните закани освен што идат под радарот и се недефинирани, е што е многу тешко да се направи ефективна стратегија која што е превентивна, затоа што не знаете од каде ќе дојде, не знаете што ќе направи. Дали ќе нападне дезинформации, избори или критична инфраструктура, не се знае точно кој ќе биде таргетот. И затоа одговорите на државите од пракса се фокусираат на реакција, колкава и да е желбата тоа со превенција да се направи, да се покрене свест и така натаму, не се знае кога ќе дојде и од каде ќе дојде заканата. Тоа е проблемот.

Ирена Крџиќ

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Игор Чадиноски

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ