„Предизвиците со кои се соочувавме пред пандемијата не исчезнаа. Ние се одѕиваме и на хибридните и на сајбер заканите вклучувајќи ги и дезинформациите што на мета ги имаат нашите институции, нашите вредности и нашата демократија“, истакна Јанс Столтенберг, првиот човек на НАТО, на денешната прес-конференција со премиерот Зоран Заев од Брисел.
„НАТО е тука да им помогне на сојузниците. Нашите нови тимови за борба против хибридните закани се тука да помогнат на сојузниците да се спротивстават на овие закани и НАТО нема да дозволи оваа здравствена криза да стане и безбедносна криза“, истакна Столтенберг.