• Latest

„Стоп за домашното насилство. Животот е мој!“ – кампања за борба против семејното насилство

December 12, 2022

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Стоп за домашното насилство. Животот е мој!“ – кампања за борба против семејното насилство

December 12, 2022 09:22
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На иницијатива на Билјана Ангелова, сопруга на бугарскиот амбасадорот во земјава, како дел од кампањата „Стоп за домашното насилство. Животот е МОЈ!“, денеска напладне на Градскиот плоштад во Скопје и на плоштадите и јавните места низ градовите во земјава, втора година по ред ќе се одржи краток собир со кој ќе се означи поддршката на жртвите на семејното насилство.

На настанот, како дел од овогодинешната кампања, ќе му претходи и конференција која ќе се одржи во просториите на Општина Чаир. Во рамки на конференцијата, ќе се разговара оваа социјална тема и голем општествен проблем, а свое видео-обраќање на оваа тема ќе има и бугарскиот европратеник Илхан Ќучук.

Со иницијативата, Ангелова потсетува дека за да може една земја успешно да се бори против семејното насилство, потребна е континуирана работа на многу аспекти – од охрабрување на жртвите да се изборат за себе си и своите права и да се оттргнат од насилната средина; вклученост на широката популација со градење на свесност за темата и препознавање на повикот за помош преку симбол; до функционални Институции кои континуирано ќе работат на превенција и активно ќе бидат вклучени во заштитата и поддршката за жените за нивна реинтеграција во општествениот живот преку психолошко и економско јакнење.

– Секоја година сме сведоци на интензивна активна борба против семејното насилство која трае 16 дена. За жал, насилството не е само 16 дена во годината, туку 365 дена – и тоа не само кон жените, туку и кон децата и кон мажите. Ваков е случајот и во Република Северна Македонија, и во Бугарија, и во Косово. Драго ми е што оваа година иницијативата е препознаена од се поголем број институции, авторитети, компании и поединци. На овој начин, со зголемено учество, секој ден, 365 дена, заедно можеме да бидеме дел од промената која сакаме да ја видиме и да ја креираме за идните генерации, изјави Ангелова.

Имране Морина, која оваа година работи заедно со Ангелова на покревање на свеста за оваа тема вели дека жртва на домашно насилство може да биде кој било – без разлика на возраст, пол, етницитет, образование, професија, статус.

– Жртвите најчесто се токму оние кои најмалку ќе помислите дека се жртви, најчесто успешно маскирајќи се и камуфлирајќи се во општеството. Важно е заеднички да работиме на едукација на новите генерации како да го препознаат карактеристичното однесување на насилник уште при првите средби, но и да бидеме поддршка на жртвите – и индивидуално, и институционално. Да ги поттикнеме и да ги охрабриме да престанат да го живеат животот на својот насилник, затоа што животот е нивен, истакна Морина.

Собирот е од отворен карактер, а сите заинтересирани лица може да се приклучат и да дадат тивка поддршка на жртвите на семејното насилство преку демонстрација на симболот кој означува барање помош. Оние кои сакаат да изразат поддршка на кампањата, а не се во можност да присуствуваа, истото може да го направат со споделување на фотографија, со симболот или со порака напишана на дланката, во рамки на официјалната Фејсбук група на кампањата, со користење на еден од официјалните хаштагови.

Кампањата е поддржана од Министерството за труд и социјална политика, како и Бугарската и Косовската Амбасада и Амбасадата на Европската Унија во Македонија, како и голем број поединци и компании.

Tags: Билјана Ангеловасемејно насилство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ