• Latest

Стратуваше изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш

June 2, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Стратуваше изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш

June 2, 2018 13:25
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Стартуваше изградбата на првата фаза од експресниот пат Штип-Радовиш во должина од 23,5 километри, кој се протега од клучката кај штипското село Софилари до клучката кај радовишки рудникот „Бучим“.

Увид на почетокот на градежните работи во близина на штипското село Долани денеска извршија премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и градоначалниците на општините Штип, Радовиш и Конче.

Патот ќе биде со ширина од 11,5 метри и ќе има 11 мостови, од кои еден во должина од 320 метри. По него ќе може да се вози со 110 километри на час.

Заев истакна дека изградбата на  патот е од исклучителна важност за граѓаните на источниот и југоисточниот регион, кои ќе имаат и побрз транспорт на земјоделските и индустриските производи.

– Навистина ова патно решение е многу значајно, заради тоа што јас реков дека сум еден од секојдневните корисници на овие патишта и знам, колку е важно да биде безбеден патот. Само струмичкиот регион има 120 милиони евра извоз на земјоделски раноградинарски производи, радовишкиот регион има некаде преку 40 милиони евра, штипскиот регион во делот на извозот учествува преку стотина милиони евра. Сето тоа е девизен прилив за граѓаните на Република Македонија и за билансната сметка на државата, со вакви брзи делници, каде што брзо би можело да се стасува, рече Заев, потенцирајќи дека очекува патот да биде мотивација за зголемување на протокот на стоки и патници.

Министерот Сугарески потенцира дека изградбата на овој експресен пат е од исклучителна важност за граѓаните на источна и југоисточна Македонија, кои ќе се поврзат и со автопатот Штип-Миладонвци. Тој забележа дека околу 320 милиони евра ќе се инвестираат во изградбата на експресните патишта низ истокот и југоистокот и во изградбата на автопатот Штип-Миладиновци.

– Настојуваме колку што можеме да правиме колку што е можно повеќе автопатишта и експресни патишта. Честопати сме прозивани од опозицијата, каде се тие. Да ,интензивно се градат, еве сакаме и од ова место да одговориме тука, бидејќи она што видливо е видливо. Ако сега одиме низ цела Македонија се гледа дека и во делот на капиталните инвистиции, во делот на железницата, водоводите и канализациите интензивно се градат. Тоа е видливо и тоа неможе да се сокрие, забалежа Сугаревски.

Како што информира директорот на ЈП за државни патиштан Зоран Китанов, првата фаза од изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш во должина од 23,5 километри е комплетно нова траса и во неа ќе се инвестираат околу 27 милиони евра. изведувачот ќе биде обврзан  по изградбата да го одржува патот пет години, што е новина.

–  Пред неколку дена добив одобрение, согласно нашите добри препораки од ЕБОР, за вториот дел на овој пат Штип-Радовиш во износ од 17,5 километри. Тоа е на потегот од Три Чешми до почетокот на овој пат и од после Бучим до излезот на Радовиш. Веќе е упатен повикот до градежните претпријатија да тендерираат, да учествуваат и што е многу поволно и добро овој пат треба да се гради три години, а рокот за вториот дел кој треба да почне следната зима или напролет е две години, рече Китанов.

Експресниот пат го гради фирмата Штрабаг.(МИА)

Tags: експресен патизградбаШтип-РадовишШтрабаг
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ