• Latest

Струшките вечери на поезијата со исти програми и една третина помал буџет

August 15, 2018

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Струшките вечери на поезијата со исти програми и една третина помал буџет

August 15, 2018 14:30
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со буџет помал за триесет отсто од минатите изданија, фестивалот Струшки вечери на поезијата годинава едвај ќе го одржува нивото што веќе го има постигнато, а помалку добиените средства веројатно ќе се одразат на помала издавачка продукција или во прашање ќе биде организирањето на зимскиот поетски фестивал планиран за ноември. 

Претседателката на Управниот одбор Елизабета Шелева денеска на прес-конференција рече дека од материјален карактер е причината што не вовеле нови програми на СВП. И годинава ќе ги има стандардните – поетски читања за отворањето и затворањето на фестивалот („Меридијани“ и „Мостови“), книжевниот портрет на венценосецот –  поетот Адам Загајевски од Полска во црквата „Света Софија“ во Охрид, симпозиумот „Изгубено најдено во преводот“ во рамки на преведувачката работилница…

Директорот на СВП Мите Стефоски рече дека годинашниот буџет е ист како во 1999-та, а треба да се покријат трошоци како за 2018 година. За да ги задржат стандардите, покрај скратениот буџет од Министерството за култура, поддршка обезбедиле и преку соработка со странски институции и фондации, програмата на ЕУ „Креативна Европа“ и со спонзорства. Ако сакаме промени и модернизирање на фестивалот, рече тој, мора да се знае дека тие се поврзани со средства.

– Струшките вечери се на високо ниво и штета е ако на некој начин тоа биде загрозено. Наместо да се наоѓаат начини за развој на фестивалот, треба да се мисли како да се одржува нивото што веќе е постигнато – стандардите што во претходните години сме ги подигнале за третман на гостите и самиот начин на организација. Државата треба да води сметка никогаш да не падне нивото кое е веќе освоено. Недозволиво е да ги враќаме назад начините на организација на фестивалот наместо да ги унапредуваме. Незамисливо е во 21 век да не го покриете основниот надомест за авторски права на врвен поет кој настапува на вашиот фестивал, рече Стефоски на прес-конференција на која ја соопшти фестивалската програма.

Концепцијата за СВП 2018, кои ќе се одржуваат од 22-ри до 27 август, останува како и во минатите години – да се покануваат поети со различни поетики и соодветно да се претстават. Ќе ги има меѓу 70 и 80, вклучително и макеоднски. Фокусот е на нордиската поезија, но ќе биде претставена поезија од сите континенти. Изменет е концептот „Поезија на пат“, па наместо по завршување на фестивалот, ќе се одржува за неговото времетраење. Остануваат поетските читања во Охрид, Битола, Скопје и матинето на Матка, а првпат годинава ќе има и читање во Прилеп.

СВП 2018 ПЛАКАТ

Меѓу изданијата што ќе бидат промовирани се тријазичен избор од поезијата на лауреатот на „Златен венец 2018“, Адам Загајевски,  на три јазици, објава на поетската книга на Паули Тапио од Финска – добитник на наградата на СВП и УНЕСКО за најдобра дебитантска поетска книга, Антологија на современата кубанска поезија, наслови од едицијата „Плејади“.

Претседателката на УО на СВП Шелева рече дека чест и гордост е што оваа година венценосецот Адам Загајевски (1945) доаѓа од словенските литератури. Истакна дека тој создава поезија широкоприфатена и оценета како поезија по мерка на човекот, која се занимава со најдлабоки и најдраматични теми поврзани со човековата егзистенција – селидбеност, обескоренетост, невдоменост, егзил, прашања на смислата на постоењето.

– Интересно е тоа што тој го обединува во своето творештво и она што е филозофска запрашаност и она што би го нарекле ангажираност, во најубава смисла на хуманиззмот и зачувување на суштинската блискот до човекот, рече Шелева.

Од 1982 до 2002 година Загајевски живеел во егзил во Париз и затоа на годинашните СВП, покрај востановениот, ќе има уште еден симпозиум насловен „Писмото во егзил – егзилот во писмото“ и ќе учествуваат четворица поети чие творештво го имаат предзнакот на прогонство.

За време на шесте дена СВП, ќе биде соопштена и наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра стихозбирка меѓу две фестивалски изданија, ќе има содржини поврзани со поетската платформа „Версеполис“ поддржана од ЕУ. Една фестивалска вечер ќе биде омаж за тројца македонски автори кои починаа во изминатите осум месеци – академиците и книжевници Матеја Матевски (кој во 2011 беше лауреат на „Златниот венец“ на СВП) и Милан Ѓурчинов (во еден период претседател на Уметничкиот совет на СВП) и писателката Лилјана Дирјан (добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ и меѓу основачите на Независни писатели на Македонија).

Print Friendly, PDF & Email
Tags: помал буџетСтрушките вечери на поезијата
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ