• Latest

Стејт департмент: Македонија не се залага доволно за спречување на шверцот со луѓе!

June 28, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стејт департмент: Македонија не се залага доволно за спречување на шверцот со луѓе!

June 28, 2017 12:11
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Да се спроведат напредни обуки за судиите, обвинителите и за полицијата, за истраги и за кривични постапки за трговија со луѓе, да се одвојат зголемени средства за заштита на жртвите, да се обучат полицајците, трудовите инспектори, дипломатскиот персонал и други државни службеници за проактивна идентификација на жртвите, особено меѓу децата-питачи, нелегалните мигранти, бегалците и барателите на азил“, се наведува во годинешниот Извештај за трговијата со луѓе што го подготвува американскиот Стејт департмент.

Во Извештајот Македонија е посочена како земја која е извор, транзит и дестинација за мажи, жени и деца – жртви на трговија со бели робје, односно, лица принудени на принудна работа и на проституција. Стејт Департментот смета дека и изминатата година, Владата на Република Македонија целосно не ги исполнувала минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, но дека се правеле значителни напори за тоа да се постигне.

„Во споредба со периодот од претходниот извештај, Владата демонстрирала зголемени напори поради што останува на второто ниво“, стои во извештајот. Се наведува и дека македонските власти направиле чекор со подготвување и со усвојување на Национална стратегија и на национален Акциски план, и со назначување на национален известувач и национален координатор за трговија со луѓе.

Нотирано е дека во изминатиот период, во споредба со претходните години, многу помалку шверцери/трговци со луѓе се обвинети и се осудени, дека не се доделени грантови на невладини организации за борба со трговијата на луѓе, и дека е прекинато и партнерство со невладини организации што обезбедуваат поддршка на владините згрижувачки центри.

„Шверцерите со луѓе често ги поткупуваат полицијата и инспекторите за труд. Имало истраги и казни за полицајци кои биле соучесници во трговијата со луѓе“, се наведува во извештајот.

На македонските власти им се препорачува детално да ги истражат, кривично да ги гонат и да ги казнат шверцерите, како и соучесниците од власта, и да се воведат соодветни казни за да се намали трговијата со луѓе.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: владаизвештајМакедонијанационална стратегијаСтејт ДепартментТрговија со луѓе
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result