Студенти од Скопје на социјалните мрежи го демантираат лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој тврдеше дека премиерот Христијан Мицкоски го затворил студентското радио.
Тие објаснуваат дека радиото е затворено по одлука на студентските тела бидејќи било констатирано дека никој не го слуша и дека е потребно средствата да се насочат кон социјалните медиуми каде во нов формат би се правел обид да се допре до поширока публика.